Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Митева: Клучен предуслов за подобрување на состојбите се долгорочната стратегија и континуитетот во политиките
    • Јаневска на конференцијата „Безбедност 2030“: Безбедноста на децата бара меѓуинституционална соработка
    • Горан Герасимовски е избран за потпретседател на СДСМ
    • Пожар во Визбегово зафати два објекти во изградба
    • Сиљановска-Давкова оствари средба со ЦУП: Поддршка за иницијативата за бесплатен пристап до „Службен весник“
    • Герасимовски: Да се сплотиме, да се исправиме и да покажеме дека СДСМ има сила да оди напред
    • Муцунски во Њујорк оствари средба со британската пратеничка Карен Пирс
    • Крвав инцидент во Скопје: Со остар предмет нападнал сосед, неговата сопруга и сосетка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Партиска пресметка за водата во Гостивар: ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од Филипче

    Партиска пресметка за водата во Гостивар: ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од Филипче

    04.08.2026 во 09:293 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Хипокритот Филипче да не глуми како во политиката да е од вчера и да дава лицемерни изјави и да се однесува како јавноста да страда од колективна амнезија, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    -Постојат документи од кога Филипче беше дел од владата на Зоран Заев и министер за здравство, документи кои укажуваат на сериозни проблеми и нерегуларности. Тие проблеми денес излегуваат на површина. Наместо да се однесува очајнички, за да присобрери некој поен оти партијата на која е лидер му е во слободен пад, сега е должен да одговори на јавноста зошто кога бил министер молчел и не делел лелции, а сепак постоеле индиции дека водата за пиење во Гостивар не ги задоволувала законските стандарди, велат тие.

    Според ВМРо-ДПМНЕ, не е ова одлика само на Филипче туку и на целата СДС, затоа што проблемот продолжил и откако Филипче веќе не бил министер.

    -Во документте стои дека на 11.11.2020 година, микробиолошката анализа покажала зголемен број на колиформни бактерии и констатирала дека водата не треба да се користи за пиење. 15.02.2021 и 01.03.2021, повторно било констатирано дека водата не ги задоволува критериумите согласно правилниците за безбедност и квалитет на водата за пиење.

    11.07.2022, водата за пиење доставена од ЈП „Комуналец“ – Гостивар, не одговарала за употреба поради зголемен број на аеробни мезофилни бактерии. 
29.06.2023 повторно била констатирана неисправност поради бактериски колонии. 04.08.2023 година повторно било утврдено дека водата за пиење не одговара поради зголемен број на аеробни мезофилни бактерии, велат од власта.

    -Ама на ова, ни Филипче ни СДС, како тогашна владејачка партија не реагирале соодветно. А и сега не реагираат соодветно, туку само се обидуваат да продадат своја верзија на случајот со намера дека тоа ќе им донесе политички поени. Одговорност од градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, не бараат оти коалицијата СДС-ДУИ-Тарабари не може да се раздели, па и во опозиција делува заеднички, против народот. Филипче да даде јасен одговор и недвосмислен на јавноста зошто молчел за време на неговиот мандат како министер за здравство. Ова не е времето на Зоран Заев и криминалната СДС кога се игнорираа вакви случаи. Во тек е официјална постапка за утврдување на сите околности поврзани со случајот. Надлежните институции детално ја разгледуваат целокупната документација и ги проверуваат сите релевантни факти. Лицата за кои постои сомневање за најголема одговорност веќе се лишени од слобода, а истрагата продолжува, се преземаат сите неопходни активности за целосно расветлување на случајот, а јавноста ќе биде навремено информирана и добива соодветни препораки и насоки врз основа на резултатите од анализите, стои во соопштението.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Митева: Клучен предуслов за подобрување на состојбите се долгорочната стратегија и континуитетот во политиките

    24.09.2026 во 21:48

    Јаневска на конференцијата „Безбедност 2030“: Безбедноста на децата бара меѓуинституционална соработка

    24.09.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.