Close Menu
Press24
    Најново

    Потврден новиот Извршен комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

    30.07.2026 во 22:11

    Италија ќе праќа дел од затворениците со зависности во домашен притвор за да ги растовари затворите

    30.07.2026 во 21:46

    ЕУ воведува построги имиграциски правила за Украинците на воена возраст

    30.07.2026 во 21:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Потврден новиот Извршен комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ
    • Италија ќе праќа дел од затворениците со зависности во домашен притвор за да ги растовари затворите
    • ЕУ воведува построги имиграциски правила за Украинците на воена возраст
    • Турција испрати пет авиони Ф-16 во Естонија во рамки на мисијата на НАТО
    • Локализиран пожарот кај тетовска Лешница, учествувале и два авиона на ДЗС
    • Гори на три локации во Македонија – ЦУК со детали
    • Мицкоски утре во посета на клиничката болница во Битола
    • Вонредно прскање против комарци во Драчево поради западнонилска треска
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Потврден новиот Извршен комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

    Потврден новиот Извршен комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

    30.07.2026 во 22:111 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го потврди новиот состав на Извршниот комитет, соопшти претседателката на Унијата, Марија Митева.

    Според неа, новото раководство обединува жени со богато професионално, академско, општествено и политичко искуство.

    За генерален секретар е избрана Елена Ивановска, државен секретар во Министерството за образование и наука. Функцијата потпретседателки ќе ја извршуваат Ане Лашкоска, заменик-министерка за животна средина и просторно планирање, и Ленче Нелоска, директорка на Геронтолошкиот завод во Скопје.

    Во составот на новиот Извршен комитет влегуваат и оперската уметница Ана Дурловска, специјалистот по дерматовенерологија Мирела Василева, новинарката Ана Шутиновска Лазаревска и етнокореологот Љупка Стефановска.

    Дел од раководството се и Марија Карапанчева, Андреа Ѓошевска, Надица Андреева, Ружица Николовска, Даниела Димовска, Елена Кочоска, Ирена Алексиоска Папестиев, Маре Богева Мицовска, Наташа Јанушева, Билјана Кузманоска, Ивана Лазаревска, Дијана Илиевска, Драгана Арсова, Катерина Димитровска, Анета Марковска Илиевска, Даниела Трпеска, Марија Нацева, Бети Стаменкоска Трајкоска и Наталија Димитриева.

    Од Унијата посочуваат дека новиот состав опфаќа профили од повеќе области, меѓу кои професори, лекари, правници, раководители на јавни институции, пратенички и градоначалнички.

    Митева истакна дека фокусот на Унијата на жени останува врз поголемо учество на жените во јавниот и политичкиот живот, зајакнување на женското лидерство и нивна активна улога во развојот на државата.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски утре во посета на клиничката болница во Битола

    30.07.2026 во 20:33

    Средба Ферати – Рокас: Добрите меѓуетнички односи се столб за европската перспектива на земјата

    30.07.2026 во 19:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.