Вчера во 08:01 часот во СВР Тетово било пријавено дека во село Брвеница, тетовско, патничко возило удрило во 22-годишниот К.Ј. од село Брвеница и го напуштило местото.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово, соопштија од полциијата за овој инцидент.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.

