Close Menu
    Најново

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче постигна одличен резултат – нека го повтори истиот

    31.10.2025 во 14:14

    Знам дека животот е скап – серија проекти и мерки по изборите

    31.10.2025 во 14:13

    Гласајте за кого сакате – власта тоне ние растеме

    31.10.2025 во 14:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче постигна одличен резултат – нека го повтори истиот
    • Знам дека животот е скап – серија проекти и мерки по изборите
    • Гласајте за кого сакате – власта тоне ние растеме
    • Условна казна затвор од две години за напаѓачот на Арсовска
    • Мицкоски: Масовно и обединето да дадеме поддршка за Лабудовиќ и Ѓорѓиевски
    • Мицкоски: Карпошани избраа да не поддржат човек кој е на црната листа на САД
    • Улици и патишта: Ставивме семафорски столбови на улица “Васко Карангелевски”
    • Скопјанец осомничен за повеќекратно загрозување на сигурноста на својата поранешна девојка
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Владата со демант: СДСМ повторнo шири лаги, исплатата за 400 пожарникари е во тек

    Владата со демант: СДСМ повторнo шири лаги, исплатата за 400 пожарникари е во тек

    19.09.2025 во 15:48
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Владата во соопштение до медиумите реагираше на критиките од опозициската СДСМ, поврзани со мерката за ангажирање 400 пожарникари, нарекувајќи ги тврдењата на опозицијата „манипулации и политички напади“.

    -СДС продолжува да го злоупотребува своето медиумско време за да манипулира со фактите и да шири лаги, мерката за 400 пожарникари е уште една во низата бескрупулозни политички напади. Наместо да се посветат на вистината, тие повторно се обидуваат да создадат хаос и да ја манипулираат јавноста со неточни информации, се наведува во соопштението од Владата.
     
    Фактите се едноставни и непобитни, велат од Владата и посочуваат дека ова е првпат во историјата на нашата држава да се имплементира мерка за вработување која целосно ги искористува расположливите ресурси, со цел да се заштитат граѓаните од природни катастрофи и да се подобри животната средина.
     
    -Што се однесува до исплатата на учесниците за оваа мерка која е наведена како 6.2 во оперативниот план и е наменета за заштита од пожари, апсолутно нема никаква поврзаност помеѓу распишувањето на локалните избори и исплатата на средствата, од причина што средствата се обезбедени и не станува збор за никакво вонредно плаќање!, посочуваат од Владата.
     
    За лицата кои се вклучени во оваа мерка, од Владата информираат дека беа ангажирани на 08.08.2025 година, документацијата (извештајот за редовност) за исплата од страна на организаторот е веќе во тек и ќе биде испратена до центрите за вработување по што ќе следи и исплатата.
     
    -За разлика од СДС, ние работиме отчетно и транспарентно. Нашата работа продолжува да биде фокусирана на интересот на граѓаните, додека тие се заглавени во манипулации и измислици. Ние сме тука да носиме конкретни решенија, додека опозицијата ќе продолжи да лаже и да се обидува да го наруши јавниот мир со невистинити приказни. Не им дозволуваме да ја кријат вистината, а сите обиди за политички саботажи нема да ја засенат посветеноста на оваа Влада да работи за подобар живот за сите граѓани затоа што факти не се рушат со лага, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

    Featured

    Популарно

    Зендели од ДУИ: Вреди го оставија својот кандидат на пола пат – ама во Брвеница ние гласаме за Рамадани

    31.10.2025 во 09:23

    Неготино: Родителите се јавиле во полиција – синот тинејџер се напил, па се расправал

    29.10.2025 во 11:58

    Условна казна затвор од две години за напаѓачот на Арсовска

    31.10.2025 во 14:05

    Гудељ откри детали од бракот со Анастасија Ражнатовиќ: „Тоа е моја должност“

    30.10.2025 во 23:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.