Close Menu
Press24
    Најново

    Тешка сообраќајка во Србија – приведен Македонски камионџија

    22.07.2026 во 14:45

    Хорор во Струмица: 62-годишник силувал малолетничка

    22.07.2026 во 14:33

    Мицкоски: Најпрво да обезбедиме техничка вода, a потоа вода за пиење во Гостивар

    22.07.2026 во 14:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тешка сообраќајка во Србија – приведен Македонски камионџија
    • Хорор во Струмица: 62-годишник силувал малолетничка
    • Мицкоски: Најпрво да обезбедиме техничка вода, a потоа вода за пиење во Гостивар
    • Герасимовски свика итен Штаб за заштита и спасување по силното невреме
    • Приведен 30-годишен скопјанец – со остар предмет им се заканувал на поранешни работодавци и оштетил возило
    • Младо момче со алат претепал работник на градската депонија во Дебар
    • Раководител и вработени во „Национални шуми“ го оштетиле претпријатието за над половина милион денари – заработија кривични
    • Избувна пожар во стан во Кичево – пронајдено опожарено тело на млад маж
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тешка сообраќајка во Србија – приведен Македонски камионџија

    Тешка сообраќајка во Србија – приведен Македонски камионџија

    22.07.2026 во 14:451 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонски државјанин е уапсен во Србија по тешка сообраќајна несреќа во која со камион удрил во возач на итна медицинска помош од Врање.

    Полициската управа во Лесковац го потврди случајот и соопшти дека на македонскиот возач му е одреден притвор во траење од 48 часа.

    Несреќата се случила за време на транспорт на болно дете од Врање кон Универзитетскиот клинички центар во Ниш.

    Возилото на Итната помош морало да запре поради дефект на електричната инсталација.

    Возачот на амбулантното возило, роден 1985 година, излегол од возилото за да ја провери состојбата и да обезбеди сигурност за пациентот, кога во него удрил товарниот камион.

    Повредениот возач е приклучен на апарати за вештачко дишење и се наоѓа во стабилна, но критична состојба на Клиниката за анестезија во Ниш, каде бил префрлен по првичниот третман во Лесковац.

    Детето било веднаш преземено од друг лекар кој се нашол на местото на настанот и транспортот до Ниш успешно завршил.

    Српските надлежни органи продолжуваат со истрагата за целосно утврдување на сите околности под кои се случила сообраќајната несреќа.

    Прочитај повеќе

    Хорор во Струмица: 62-годишник силувал малолетничка

    22.07.2026 во 14:33

    Приведен 30-годишен скопјанец – со остар предмет им се заканувал на поранешни работодавци и оштетил возило

    22.07.2026 во 14:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.