Close Menu
Press24
    Најново

    Не излегувајте без чадор: Облачно со локални врнежи од дожд

    31.10.2026 во 10:39

    Утре втор круг во Брвеница: Денеска гласаат болните и изнемоштените

    31.10.2026 во 10:21

    СДСМ: Алта банка падна, балканскиот картел се руши, ОЈО веднаш да поведе постапки против Мицкоски и Славески

    31.10.2026 во 10:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Не излегувајте без чадор: Облачно со локални врнежи од дожд
    • Утре втор круг во Брвеница: Денеска гласаат болните и изнемоштените
    • СДСМ: Алта банка падна, балканскиот картел се руши, ОЈО веднаш да поведе постапки против Мицкоски и Славески
    • Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на Алта Банка
    • Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија
    • Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“
    • Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино
    • Прво обраќање на Криста Пајк по неуспешната егзекуција: „Болката е и во мојот ум и во душата“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФОТО: Скопје доби спомен-биста на Ганди: Пораки за мир, ненасилство и пријателство меѓу народите

    ФОТО: Скопје доби спомен-биста на Ганди: Пораки за мир, ненасилство и пријателство меѓу народите

    22.07.2026 во 11:07Updated:22.07.2026 во 11:142 Mins Read
    Орце Ѓорѓиевски - Фејсбук
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Музејот на град Скопје денеска беше откриена спомен-биста на Махатма Ганди. Чинот претставува траен симбол на вредностите што ги поврзуваат народите и поттик за понатамошно зајакнување на пријателството меѓу Северна Македонија и Индија.

    Спомен-бистата беше откриена во периодот на официјалната посета на индиската претседателка Драупади Мурму на земјава. На церемонијата присуствуваа и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

    „Махатма Ганди ѝ припаѓаше на Индија, но неговата порака му припаѓа на целото човештво. Неговиот живот покажа дека вистината и ненасилството не се знаци на слабост, туку моќни инструменти за обезбедување правда, слобода и достоинство“, рече Мурму.

    Индиската претседателка нагласи дека во време на конфликти, нетолеранција и поделби, идеите на Ганди за дијалог, сочувство и мирен соживот остануваат актуелни.

    „Се надевам дека посетителите на овој музеј, особено младите луѓе, ќе застанат пред неговата биста и ќе ја почувствуваат пораката на Ганди. Нека ги инспирира да ја отфрлат омразата, разликите да ги решаваат на мирен начин и да му служат на општеството со храброст и емпатија“, порача Мурму.

    Претседателката Сиљановска-Давкова истакна дека промената што сакаме да ја видиме во светот треба да започне од самите нас.

    „Веројатно најважното наследство што го остави Ганди е идејата за ненасилно самоопределување како право на луѓето да одлучат за нивната судбина и иднина, но и слободата да ги организираат своите животи во согласност со сопствената волја. Оваа желба за слобода е вековен идеал на индискиот, но и на македонскиот народ“, нагласи Сиљановска-Давкова.

    Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, посочи дека откривањето на бистата има посебна симболика бидејќи се случува во градот во кој е родена Света Мајка Тереза.

    „Махатма Ганди и Мајка Тереза својата мисија ја остварувале на различни начини, но нивните животи ги поврзува една универзална порака – дека човечноста, љубовта, сочувството и несебичната грижа за другите се најголемата сила што човекот ја поседува“, рече Ѓорѓиевски.

    Тој додаде дека нивното наследство и денес инспирира милиони луѓе ширум светот, а Скопје, како што посочи, ја знае вредноста на солидарноста.

    „Скопје е град кој ја знае вредноста на солидарноста – град кој по големата трагедија во 1963 година ја почувствува подадената рака од целиот свет и затоа длабоко ја разбира важноста на меѓусебната поддршка, почитта и пријателството меѓу народите“, истакна Ѓорѓиевски.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Не излегувајте без чадор: Облачно со локални врнежи од дожд

    31.10.2026 во 10:39

    Утре втор круг во Брвеница: Денеска гласаат болните и изнемоштените

    31.10.2026 во 10:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.