Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53

    Ќе може да си купите стаж – добри вести за сите на кои им фали стаж за пензија

    15.09.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со најнови мерења во 20 часот – Погледнете каде е најладно а каде е најсвежо
    • Филипче: Состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата
    • Филипче: Зошто Мицкоски веднаш не кажа дека се потрошени 5,5 милиони евра, туку се обиде да го скрие тоа и кажа ‘нула денари’?
    • Мицкоски од Атлантскиот совет: Земјава ќе стане енергетска крстосница кон Централна Европа
    • Мицкоски од Атлантскиот совет: Имаме план и го остваруваме
    • Спречен терористички напад во Германија: Уапсен 24-годишник кој планирал масакр
    • Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени
    • Приведен 34-годишен скопјанец во Аеродром: Управувал со дрон без соодветна дозвола
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Левица во Град Скопје ќе иницира вонредна седница за формирање фонд за обештетување на граѓаните погодени од невремето

    Левица во Град Скопје ќе иницира вонредна седница за формирање фонд за обештетување на граѓаните погодени од невремето

    21.07.2026 во 22:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје ќе иницира свикување вонредна седница со единствена точка на дневен ред – формирање фонд за обештетување на граѓаните за штетите предизвикани од невремето на територијата на Град Скопје.

    Невремето што го погоди Скопје предизвика значителни материјални штети врз домови, возила и друг имот на граѓаните. Во вакви околности, Градот има обврска да обезбеди итна финансиска поддршка за граѓаните кои претрпеа штети, наместо товарот целосно да падне врз нив.

    Левица оценува дека последиците од невремето дополнително ја оголија неспособноста и негрижата на надлежните институции. Со години се игнорираат барањата за кастрење и отстранување на опасни дрвја, изостануваат превентивни мерки, а градските претпријатија повторно се покажаа неподготвени да одговорат на кризна состојба.

    Покрај иницијативата за формирање фонд за обештетување, советничката група на Левица ќе побара на Комисијата за безбедност при Град Скопје да се отвори расправа за мерките што ќе бидат преземени за превенција и справување со вакви елементарни непогоди во иднина. Воедно, советничката група ќе предложи и конкретни мерки до градските власти за воспоставување поефикасен систем на превенција, рано предупредување и координација на надлежните служби.

    Советничката група на Левица ги повикува сите советници во Советот на Град Скопје да ја поддржат оваа иницијатива, имајќи предвид дека станува збор за мерка од непосреден интерес за граѓаните кои претрпеа штети од невремето.

    Левица очекува Советот на Град Скопје да покаже одговорност и без одлагање да донесе одлука за формирање фонд преку кој ќе им се помогне на погодените граѓани, но и да отпочне процес на воспоставување системски мерки со кои ќе се намали ризикот од вакви последици во иднина.

    Прочитај повеќе

    Од понеделник во училиштата во Гази Баба ќе се интонира химната

    17.09.2026 во 14:48

    Стефковски: Граѓаните на Гази Баба добиваат полесен пристап до административни услуги

    17.09.2026 во 12:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.