Close Menu
Press24
    Најново

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски на панел-дискусија: Разговаравме за мирот, дијалогот и стабилна Европа
    • Претседателката се сретна со Вајц и Рокас: Фокус на разговорите – македонската евроинтеграција
    • Сиљановска-Давкова: Надежта и разбирањето се неопходни во справувањето со Алцхајмеровата болест
    • Кремљ: Путин е подготвен за средба со Трамп, но сè уште нема договорен термин
    • И се заканувал на сопругата, и извадил и нож – маж заврши зад решетки
    • Тинејџер ја натепал баба му
    • 16 пожари на отворен простор, четири се уште активни
    • Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на Буџетот е развоен документ, а не последица на проблеми со јавните финансии

    Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на Буџетот е развоен документ, а не последица на проблеми со јавните финансии

    21.07.2026 во 10:123 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ребалансот на Буџетот за 2026 година не е последица на проблеми со јавните финансии, туку претставува развоен документ со кој се обезбедуваат дополнителни средства за капитални инвестиции, поддршка на граѓаните и натамошен економски раст во услови на зголемена неизвесност на светските пазари, геополитички ризици и ценовни притисоци, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за Плусинфо.

    Владата преку ребалансот на Буџетот за 2026 година обезбедува стабилност на јавните финансии, се обезбедува редовна исплата на сите законски обврски на државата, а истовремено се зголемуваат средствата за капитални инвестиции, земјоделство, социјална заштита, образование, спорт и локален развој.

    “Ребалансот на Буџетот ќе обезбеди редовна исплата на платите, пензиите, социјалните надоместоци и сите останати обврски што државата ги има кон граѓаните. Сепак, во услови на веќе обезбедени стабилни буџетски приходи и јавни финансии, акцентот сега го ставаме на капиталните инвестиции. Инвестициите што денес ги реализираме во патишта, железници, енергетика, образование, здравство и комунална инфраструктура, ќе создадат повисока економска активност, нови работни места и подобар животен стандард“, истакна министерката.

    Во интервјуто Димитриеска-Кочоска посочи дека ребалансот е усогласување со променетите економски околности и новите законски обврски, а не резултат на недостиг на приходи или нарушена ликвидност.

    “Потребата од ребаланс произлезе од променетите економски околности во текот на годината. Геополитичките случувања, растот на цените на енергенсите и промените на меѓународните пазари влијаеја врз одредени буџетски проекции. Како одговорна Влада, наша обврска е тие проекции навремено да ги усогласиме со реалната состојба. Истовремено, во меѓувреме произлегоа и дополнителни законски обврски, пред сè поради потпишаните колективни договори, како и потребата од дополнителна поддршка за земјоделството, социјалната заштита и општините. Но, она што најсилно го карактеризира овој ребаланс е определбата за инвестиции. Одлучивме средствата да ги насочиме таму каде што ќе создадат најголема додадена вредност за економијата. Затоа велам дека ова не е кризен ребаланс, туку развоен ребаланс“, нагласи министерката.

    Осврнувајќи се на собраниската расправа, министерката оцени дека прифаќањето на аргументирани амандмани, меѓу кои и оние за поддршка на жените земјоделки, национална СОС линија и два згрижувачки центри за жртви на семејно и родово базирано насилство, покажува дека Владата останува отворена за конструктивни предлози што се во интерес на граѓаните.

    Таа додаде дека позитивните економски показатели – растот на БДП од 3,1 проценти во првиот квартал, зголемените странски директни инвестиции, растот на градежништвото, услугите и извозот – се потврда дека македонската економија останува стабилна и дека политиките што ги спроведува Владата даваат резултати. Според неа, ребалансот создава услови за продолжување на инвестицискиот циклус, одржување на фискалната стабилност и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

    Прочитај повеќе

    Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи 

    23.09.2026 во 19:34

    Има шанси идната недела да возиме значително поевтин дизел

    23.09.2026 во 13:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.