Close Menu
Press24
    Најново

    Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на Буџетот е развоен документ, а не последица на проблеми со јавните финансии

    21.07.2026 во 10:12

    Ѓорѓиевски: Скопје го гради својот најголем еколошки штит

    21.07.2026 во 10:12

    Родени сте 2007 или 2008 – аплицирајте веднаш, оваа општина дава по 10.000 денари за возачка дозвола

    21.07.2026 во 10:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на Буџетот е развоен документ, а не последица на проблеми со јавните финансии
    • Ѓорѓиевски: Скопје го гради својот најголем еколошки штит
    • Родени сте 2007 или 2008 – аплицирајте веднаш, оваа општина дава по 10.000 денари за возачка дозвола
    • Македонската полиција го фати најпијаниот возач – Седнал зад волан со 4,35 промили алкохол
    • СДСМ: Каква трета економија во Европа, со Мицкоски граѓаните го бројат секој денар
    • Паднати дрва и бандери, пожари и штети – Невреме направи пустош и во Куманово и Старо Негоричане
    • Момче јадело колбас и починало, сè започнало со убод од крлеж
    • (ФОТО) Кратко невреме ја зафати и Крива Паланка: Паднати дрвја на повеќе локации, пожарникарите и службите на терен
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кон Филипче: „Од вакцини до модуларната болница, мандатот му беше полн скандали”

    ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кон Филипче: „Од вакцини до модуларната болница, мандатот му беше полн скандали”

    21.07.2026 во 09:00Updated:21.07.2026 во 10:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Додека Венко Филипче се обидува да се претстави како авторитет за здравствениот систем, граѓаните многу добро паметат што остави зад себе додека беше министер. Наместо реформи и подобро здравство, неговиот мандат беше обележан со низа скандали, афери и неодговорени прашања. Од случајот со набавката на вакцините преку посредник, фирма која претходно се занимавала со трговија со тропско овошје, до аферата „Крвави тендери“ за набавка на тестови и реагенси вредна десетици милиони евра, јавноста никогаш не доби убедливи одговори за сите дилеми што се отворија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    -Во исто време, здравствениот систем тонеше во проблеми. Листите на чекање се зголемуваа, пациентите со месеци чекаа за прегледи и интервенции, недостигот од медицински кадар стануваше се поизразен, а јавните здравствени установи се соочуваа со недостаток на опрема, материјали и основни услови за работа. Граѓаните не можат да го заборават ниту трагичниот пожар во модуларната болница во Тетово, во кој животот го загубија 14 лица. Наместо преземање политичка и морална одговорност, Филипче остави многу прашања без одговор и чувство дека никој не понесе вистинска одговорност за една од најголемите трагедии во македонското здравство, велат од владејачката партија.

    Додаваат дека во време на ковид-пандемијата, Македонија беше меѓу земјите со висока смртност по глава на жител, а граѓаните се соочуваа со неизвесност, недостаток на доверба и бројни предизвици во функционирањето на здравствениот систем.

    -Затоа, сметаме дека човек чиј мандат остана запаметен по афери, скандали и сериозни пропусти нема кредибилитет денес да држи лекции за тоа како треба да изгледа македонското здравство. За разлика од СДС и Филипче, целта на ВМРО-ДПМНЕ е здравствен систем што ќе биде ефикасен, транспарентен и посветен на пациентите, со инвестиции во медицинскиот кадар, современа опрема, подобри услови за лекување и целосна одговорност за секоја донесена одлука. Граѓаните заслужуваат здравство што ќе работи во нивен интерес, а не здравство кое ќе се памети по афери и пропуштени можности, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски: Скопје го гради својот најголем еколошки штит

    21.07.2026 во 10:12

    Македонската полиција го фати најпијаниот возач – Седнал зад волан со 4,35 промили алкохол

    21.07.2026 во 10:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.