Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа

    29.10.2026 во 23:54

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
    • Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
    • Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
    • Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
    • Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ бара одговорност за случајот во Гостивар: Кој ја загади водата и зошто се криеја информации?

    СДСМ бара одговорност за случајот во Гостивар: Кој ја загади водата и зошто се криеја информации?

    21.07.2026 во 08:582 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВМРО-ОКГ сега знае што значат истрага и доверливост на информациите. Ова доаѓа од партија која секојдневно ја користи доверливоста како изговор за да го заштити својот криминал, се вели во соопштението од СДСМ.

    -Кога Мицкоски сака да му се закани на политичкиот противник, тогаш има „чувство“ и јавно наредува истраги од собраниската говорница и преку медиуми.  Кога треба да се утврди одговорност за труењето на граѓаните во Гостивар, тогаш одеднаш нема „чувство“ и сè е „доверливо“ и „во тек на истрага“. Пет дена информацијата за труењето се криеше од јавноста. Пет дена институциите под контрола на ВМРО-ОКГ молчеа и не презмаа ништо.  Сега, кога се откри дека се криело, ВМРО се обидува да ја претвори темата во „доверливост на информациите“, наместо да ја превземе одговорноста, велат од СДСМ.

    Од опозициската партија прашуваат зошто Обвинителството ги криело податоците од анализата на водата? Кого штителе и кој ја затрул водата?

    -Ако ВМРО-ОКГ навистина верува во доверливост и истрага, тогаш нека објасни зошто министерот за здравство и здравствените инспекции молчеа пет дена.  Нека објасни зошто резултатите од анализите сè се криеа од граѓаните. ВМРО-ОКГ има „чувство“ само кога треба да напаѓа. Кога треба да одговара за својата неспособност и прикривање – тогаш одеднаш сè е „истрага“ и „доверливо“. Граѓаните на Гостивар не сакаат изговори. Сакаат одговорност. И таа одговорност не може да се крие зад зборовите „доверливост“ и „истрага“, велат од опозицијата во партиското соопштение упатено до јавноста.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар

    29.10.2026 во 20:46

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.