Close Menu
Press24
    Најново

    ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС-ДУИ-Таравари ги остави гостиварци без чиста вода и одговори

    20.07.2026 во 09:10

    СДСМ: Билбордот со коњот со пет нозе е најмал проблем – Јавниот превоз е хаос, контејнери се прелеваат

    20.07.2026 во 09:07

    Дневен хороскоп: Јупитер носи храброст за Лавот, промени во врските за Водолијата, еве што ги чека останатите знаци

    20.07.2026 во 09:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС-ДУИ-Таравари ги остави гостиварци без чиста вода и одговори
    • СДСМ: Билбордот со коњот со пет нозе е најмал проблем – Јавниот превоз е хаос, контејнери се прелеваат
    • Дневен хороскоп: Јупитер носи храброст за Лавот, промени во врските за Водолијата, еве што ги чека останатите знаци
    • ВРЕДИ: Не останавме со скрстени раце, 50.000 литри бесплатна вода за Гостивар
    • СДСМ обвини за пропусти во справувањето со епидемијата во Гостивар: Не избувна преку ноќ, кој ќе одговара?
    • „Вози до Скопје” – Таксист преживеал драма
    • Трагедија во Македонија: На скопските клиники почина маж повреден во пожар
    • Собранието ќе расправа за мерките против семејното насилство
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС-ДУИ-Таравари ги остави гостиварци без чиста вода и одговори

    ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС-ДУИ-Таравари ги остави гостиварци без чиста вода и одговори

    20.07.2026 во 09:102 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Коалицијата на СДС, ДУИ и Арбен Таравари за време на изборната кампања за последните локални избори, барајќи ја довербата, на граѓаните во Гостивар им ветуваа подобар живот и подобри услови, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

    -Гостиварчани им ја дадоа довербата, коалицијата СДС-ДУИ-Таравари ја предводи локалната власт, но тоа што им го донесоа е страв и неизвесност по нивно здравје и живот. Подобриот живот и услови за гостиварци станаа најголемата изборна лага и празно слово на хартија, зошто локалната гостиварска владејачка коалиција граѓаните ги оставија без елементарниот услов за живот, чиста и безбедна вода за пиење. Коалицијата СДС, ДУИ и Таравари беа гласни додека славеа и се радуваа на победата во Гостивар, но по скандалот со водата и над 1000 граѓани со симптоми на труење, никаде ги нема да се јават со реакција и да понесат одговорност, велат од партијата.

    Затоа прашуваат, зошто доцни и немавме брза реакција на локалните служби и дали СДС, ДУИ и Таравари сметаат дека овој скандал ќе помине неказнето и без понесување на никаква одговорност?

    -Од друга страна, лицемерно е однесувањето на СДС за овој сериозен случај, затоа што на чело на партијата го имаат Венко Филипче кому, како министер за здравство, во модуларната во Тетово живи му изгореа 14 лица, а за време на Ковид периодот се случи најголемиот погром во државата, каде илјадници сограѓани ги загубија животите. ВМРО-ДПМНЕ очекува целосно расветлување на скандалот во Гостивар и одговорност за тоа што над илјада наши сограѓани, поради труење од несовесното раководење на општинските институции, завршија во болница, стои во соопштението на владејачката партија.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    СДСМ: Билбордот со коњот со пет нозе е најмал проблем – Јавниот превоз е хаос, контејнери се прелеваат

    20.07.2026 во 09:07

    ВРЕДИ: Не останавме со скрстени раце, 50.000 литри бесплатна вода за Гостивар

    20.07.2026 во 08:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.