Close Menu
Press24
    Најново

    ВРЕДИ: Не останавме со скрстени раце, 50.000 литри бесплатна вода за Гостивар

    20.07.2026 во 08:54

    СДСМ обвини за пропусти во справувањето со епидемијата во Гостивар: Не избувна преку ноќ, кој ќе одговара?

    20.07.2026 во 08:51

    „Вози до Скопје” – Таксист преживеал драма

    20.07.2026 во 08:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВРЕДИ: Не останавме со скрстени раце, 50.000 литри бесплатна вода за Гостивар
    • СДСМ обвини за пропусти во справувањето со епидемијата во Гостивар: Не избувна преку ноќ, кој ќе одговара?
    • „Вози до Скопје” – Таксист преживеал драма
    • Трагедија во Македонија: На скопските клиники почина маж повреден во пожар
    • Собранието ќе расправа за мерките против семејното насилство
    • Несреќа во Македонија, возило излета од пат – Двајца повредени
    • Пријавил дека сопругата го истепала, таа дека тој ја истепал – Полицијата расчистува случај во Скопје
    • Речиси 30 степени уште во 8 часот – Пред нас е пеколен ден, па следи невреме со град и грмежи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ обвини за пропусти во справувањето со епидемијата во Гостивар: Не избувна преку ноќ, кој ќе одговара?

    СДСМ обвини за пропусти во справувањето со епидемијата во Гостивар: Не избувна преку ноќ, кој ќе одговара?

    20.07.2026 во 08:51Updated:20.07.2026 во 08:582 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Епидемијата на гастроентеритис во Гостивар не избувна преку ноќ. Таа се развиваше со денови пред очите на надлежните институции, се вели во соопштението од СДСМ.

    -Она што започна со поединечни случаи, брзо прерасна во стотици заболени дневно, со речиси 2.000 жители кои побараа лекарска помош поради симптоми поврзани со загадена вода за пиење. Институциите уште во раната фаза имале информации и сомнежи за небезбедноста на водата и за невообичаеното зголемување на бројот на пациенти. Надзорот утврдил дека во главниот цевковод е поставена пумпа на диво, без одобрение, која директно вбризгувала вода од река Вардар во водоводниот систем. И покрај овие јасни предупредувачки сигнали, прогласувањето на епидемијата дојде дури откако амбулантите и болниците беа преполни, а бројот на заболени достигна речиси две илјади, велат од опозицијата.

    Додаваат дека ова не е само технички или административен пропуст.

    -Ова е прашање на политичка одговорност. Институциите имаа должност да реагираат брзо и одлучно уште кога се појавија првите сигнали. Наместо тоа, чекаа ситуацијата да ескалира. СДСМ уште еднаш потсетува дека јавното здравје не смее да биде предмет на доцнење, изговори или политички калкулации. Кога постојат јасни индикации за сериозен здравствен ризик, институциите мора веднаш да преземат мерки за заштита на граѓаните, без оглед на тоа дали епидемијата е формално прогласена или не. Не можеме повеќе да слушаме празни изјави од типот: „Многу скоро ќе се излезе со информација“, „За неколку дена сè ќе биде познато“, „Дел од нив ќе ги дознаете наскоро“, а потоа да се преправаме дека сме „шокирани“ од тоа како е можно ова да се случило, стои во соопштението на СДСМ.

    Велат, граѓаните на Гостивар заслужуваат одговори: зошто се чекаше толку долго и кој ќе сноси одговорност за тоа што предупредувачките сигнали не беа препознаени и пресретнати навреме. 

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: Не останавме со скрстени раце, 50.000 литри бесплатна вода за Гостивар

    20.07.2026 во 08:54

    „Вози до Скопје” – Таксист преживеал драма

    20.07.2026 во 08:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.