На 19.07.2026 година околу 05:00 часот во СВР Скопје, 56-годишен такси возач од Гевгелија пријавил дека околу 02:00 часот во неговото возило влегле две лица кои побарале превоз до Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, со договор да му платат по пристигнувањето.
Според пријавата, откако стигнале на посочената локација, лицата физички го нападнале возачот и му го одзеле паричникот во кој имало пари и лични документи.
Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

