Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    УХМР објави метео аларм: Пекол низ цела Македонија

    25.08.2026 во 11:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФОТО: Првиот сопруг ја тепал, животот и пружил втора шанса – Ова е вториот сопруг со кого Ведрана Рудан најде мир
    • Страшно злосторство во САД: Осумчлено семејство убиено за време на вечера
    • ДУИ: Јавен тендер во „Бардовци“ завршил кај роднина на директорот
    • Вештачка интелигенција за попрецизни економски прогнози: Народната банка со свои истражувања во Базел
    • Разрешениот украински министер за одбрана предупредува: Полека ја губиме војната
    • Хармонија во односите и нови можности: Што предвидува хороскопот за денеска?
    • Ново рочиште за „Онкологија“ – Тројца лекари пред Кривичен
    • Улични кучиња сеат страв во Кисела Вода – Чопор се пуштал по минувачи, во близина школо и градинки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Левица утре ќе ги состане опозициските партии за усогласување на ставовите за Изборниот законик со цел воведување на една изборна единица

    Левица утре ќе ги состане опозициските партии за усогласување на ставовите за Изборниот законик со цел воведување на една изборна единица

    12.07.2026 во 13:232 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Изборниот законик е еден од најважните закони во секоја демократија и токму затоа е несериозно владејачкото мнозинство да се повлекува од процесот и сопствената одговорност да ја префрли врз опозицијата. ДПМНЕ ја пушти змијата во процесот – постави црвени линии околу гласањето на дијаспората, го оптовари целиот процес со тема што не беше предмет за формирање на Работната група, а потоа се повлече на страна, оставајќи ја опозицијата сама да го расплетува јазолот што самата власт го создаде. Власта не може да биде предлагач на закон, да располага со парламентарно мнозинство, а истовремено да се однесува како обичен набљудувач на процесот, велат од Левица.

    Сепак, Левица нема да дозволи оваа ситуација да биде искористена како нов изговор за пропаѓање на неопходните изборни реформи. Затоа, во понеделник иницираме координативна средба на сите опозициски политички субјекти, на која ќе се направи обид да се усогласат ставовите и да се формулира заеднички предлог што ќе биде доставен до владејачкото мнозинство.

    За Левица, суштината на овие разговори е една изборна единица – реформа што конечно ќе обезбеди еднаква вредност на секој глас, ќе ги намали изгубените гласови и ќе овозможи Собранието пореално да ја отсликува волјата на граѓаните. 

    Нашата цел не е уште една политичка средба без исход, туку сериозен обид опозицијата да застане зад најголемата демократска реформа на изборниот систем – една изборна единица. Доколку постои добра волја, понеделник може да биде почеток на процес што конечно ќе ја воспостави еднаквоста на секој глас. 
    Левица ќе направи сѐ за да се изгради заедничка позиција околу една изборна единица, додаваат од Левица.

    Прочитај повеќе

    ДУИ: Јавен тендер во „Бардовци“ завршил кај роднина на директорот

    26.08.2026 во 10:21

    Левица: Студентскиот оброк со години стои на 140 денари

    26.08.2026 во 09:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.