Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Во три смени се чисти и мие – Скопје исчистено од над 82 илјади тони комунален отпад

    Во три смени се чисти и мие – Скопје исчистено од над 82 илјади тони комунален отпад

    08.07.2026 во 10:032 Mins Read
    ЈП Комунална хигиена-Скопје
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во периодот од јануари до јули 2026 година, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје собрале и транспортирале вкупно 82.296 тони мешан комунален отпад од домаќинствата и стопанските субјекти на територијата на градот Скопје.

    Во истиот период биле отстранети и 14.535 кубни метри отпад од диви депонии во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад било подигнато во Општина Центар, каде биле отстранети 2.385 кубни метри.

    Од ЈП „Комунална хигиена“-Скопје информираат дека продолжуваат со активностите за одржување на јавната хигиена низ градот, преку машинско миење на булеварите и улиците со автоцистерни, кое се реализира во вечерните часови.

    Паралелно, секојдневно во три смени се спроведува миење и метење на плоштадите, пешачките мостови и патеки во централното градско подрачје, тротоарите на мостовите „Гоце Делчев“ и „Слобода“, како и во Старата скопска чаршија.

    Во изминатите шест месеци, Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје составила 274 записници против стопански субјекти и физички лица кои биле затекнати при неправилно одлагање отпад.

    Записниците за прекршителите на Законот за јавна чистота биле доставени до надлежните општини за понатамошно постапување.

    1. Општина Чаир – 148 записници

    2. Општина Карпош – 21 записници

    3. Општина Аеродром – 30 записници

    4. Општина Центар – 18 записници

    4. Општина Ѓорче Петров – 16 записници 

    5. Општина Гази Баба – 35 записници

    6. Oпштина Кисела Вода – 5 записника

    7. Oпштина Бутел – 1 записник

    ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше и низа еко-предавања и работилници во скопските основни училишта и предучилишни установи. Преку овие активности, вкупно 747 најмлади жители на нашиот град се едуцираа како правилно и совесно да постапуваат со својот отпад и колкаво е значењето на неговата примарна селекција.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница

    06.10.2026 во 11:37

    Илинден им помага на семејствата: 3.000 денари за секое прваче

    06.10.2026 во 11:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.