Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трамп по смртта на Доли Партон: „Знамињата една недела на половина копје, никој нема да биде како неа”
    • ФОТО: Трето вонредно прскање против комарци во Гази Баба
    • Левица: Студентскиот оброк со години стои на 140 денари
    • СДСМ: Мицкоски ѝ врти грб на ЕУ
    • Ќе нема вода поради уличен дефект – Водовод информира на кои места во Скопје
    • Опасностите од интернет за децата во фокусот на „Disrupting Harm“
    • УХМР издаде метео аларм – Силно невреме доаѓа кон Македонија
    • УЈП со апел до граѓаните: Не наседнувајте на оваа измама
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Паднаа осум трудови инспектори од Скопје, Кочани и Македонски Брод

    Паднаа осум трудови инспектори од Скопје, Кочани и Македонски Брод

    03.07.2026 во 14:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ОВР Кочани поднесе кривична пријава за осум лица за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“

    Денеска (03.07.2026) Одделението за внатрешни работи Кочани до ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против С.Ш.С.(53) од Македонски Брод, С.Ѓ.(59) од Скопје, З.М.(64), С.З.(61), Т.К.(42), Н.Д.(43), Г.П.(41) и М.З.С.(44) сите од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ предвидено и казниво по член 353-в став 2 в.в став 1, а в.в. член 45 од Кривичниот законик.

    Имено, во периодот од 2022 година до 16.03.2025 пријавените како службени лица вработени во Државен инспекторат за труд, иако биле должни да вршат инспекциски надзор над примената на законите, другите прописи и акти во сите дејности од јавниот и приватниот сектор, други правни и физички лица, како и граѓаните кои вршат дејност на територијата на Р.С.Македонија, спротивно на член 71 став 1 од Законот за инспекциски надзор ниту еднаш не покренале и не воделе постапка за инспекциски надзор по службена должност за утврдување на фактичка состојба во правно лице-угостителски објект од Кочани и покрај тоа што во периодот од 13 години бил единствен објект од таков вид на подрачјето на општина Кочани. “

    Исто така, не спречиле незаконско работење на објектот и во континуитет ги изложувале ангажираните лица (вработените) на опасност од непроверен и неконтролиран објект од аспект на основните права од работен однос и исполнетост на потребните мерки за безбедност и здравје при работа, со што овозможиле објектот незаконито да продолжи со вршење на угостителска дејност со активно работење остварувајќи противправна имотна корист во вкупен износ од 1.255.977,00 денари.

    Прочитај повеќе

    Драма за млада девојка во Македонија: Ја истепале две момчиња

    26.08.2026 во 08:36

    Тетово: Му пукал во бикот со воздушна пушка

    25.08.2026 во 18:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.