Close Menu
Press24
    Најново

    Силен звук го прекина мечот Вардар – НАНТ во Јане Сандански

    16.09.2026 во 19:48

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53

    Интервентна полиција влезе во Арачиново – Фатен криминалец кој бил во бегство

    16.09.2026 во 10:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Палел сува трева во дворот, пожарот се проширил на рид – Македонската полиција го уапси
    • УХМР ги измери температурите во 11 часот: Уживајте во сонцето, следат заладување и дождови
    • Цариниците од денеска под камери: Телесните камери стартуваат на три гранични премини
    • Нови можности за уметниците: Скопје ја зајакнува соработката со европското културно семејство
    • OpenAI објави шест инциденти: Тестирањата открија, AI преземал чекори без дозвола од човек
    • Нов случај на семејно насилство во Македонија: Син го нападнал таткото
    • Хороскоп за 17 септември: Некому му се отвора нова можност, друг треба да биде внимателен со парите
    • Пад на цената на нафтата на светските берзи: Брентот и WTI во црвено
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ до Мицкоски: Кои инвестиции? – Младите Македонци масовно заминуваат

    СДСМ до Мицкоски: Кои инвестиции? – Младите Македонци масовно заминуваат

    03.07.2026 во 10:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Мицкоски се фали со „инвестиции во дигитализација и иновации“. Прашуваме: Кои инвестиции во дигитализација? Дали мисли на дата центри кои ќе го уништат електроснабдувањето во Македонија?,  се вели во соопштението од СДСМ.

    -Дата центрите трошат огромни количини на електрична енергија – колку цели градови, во момент кога Македонија веќе има сериозни проблеми со производство на струја и секојдневно увезува. Додека граѓаните плаќаат високи сметки и се соочуваат со нестабилно снабдување, овие центри ќе ја влошат енергетската криза и ќе ги зголемат цените за сите. Дали мисли и на уништување на екосистемот?, прашуваат од опозицијата.

    Дата центрите бараат огромни количества вода за ладење, генерираат големи количини отпадна топлина и трајно ја деградираат животната средина.

    -Наместо зелена транзиција, добиваме нови загадувачи кои ќе ја уништат природата за профит на странски компании. Инвестиции во луѓе? Или увоз на работници од трети земји познати како „економски работници“? Мицкоски вели дека „инвестициите во луѓето и иновациите се иднината на економијата“. Прашуваме: Кои инвестиции во луѓе? Додека младите Македонци масовно заминуваат, Мицкоски најавува дека ќе ги заменува со „економски работници“ од трети земји. Владата веќе ја зголеми квотата за странски работници на 10.000 во 2026 година – двојно повеќе од претходната година. Дури најави нови 50.000 економски работници за наредната година. Дали на тоа мисли кога зборува за „инвестиции во луѓе“? Дали инвестира во мигранти на кои им ветува работна виза, вработување и стан? Дали е тоа оној модел за кој британските медиуми пишуваа – 20.000 фунти по лице, со обезбеден престој и работа?, велат од СДСМ.

    Од опозицијата велат дека Мицкоски нема иновации.

    -Мицкоски нема стратегија за задржување на младите. Мицкоски има само план за увоз на нова работна сила која ќе ја замени онаа што ја избрка со својата политика. Наместо да инвестира во македонските граѓани, тој ја отвора вратата за странски работници, додека истовремено лаже дека „нема мигранти“. Ова не се инвестиции во луѓе. Ова е замена на луѓето, завршуваат од таму.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Палел сува трева во дворот, пожарот се проширил на рид – Македонската полиција го уапси

    17.09.2026 во 11:27

    УХМР ги измери температурите во 11 часот: Уживајте во сонцето, следат заладување и дождови

    17.09.2026 во 11:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.