Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Илон Маск предупредува: Америка ќе банкротира
    • Германија воведува специјална струјна тарифа за гејмери со моќни компјутери
    • Утре ќе нема струја до 15 часот – најавени исклучувања во повеќе скопски општини
    • Пронајдени клуч од мотор поврзан со убиство, бомба и пиштоли – отворена истрага за млад скопјанец
    • Завршни зборови за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане: Обвинителството бара доживотен затвор
    • Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата
    • Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » По 15 години пауза, мажите до 30 години во Србија повторно ќе одат во војска

    По 15 години пауза, мажите до 30 години во Србија повторно ќе одат во војска

    29.06.2026 во 10:211 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Србија од март следната година повторно го воведува задолжителниот воен рок, потврди српскиот претседател Александар Вучиќ, пренесува медиумот „Н1“.

    Оваа најава Вучиќ ја даде за време на неговата обиколка на воената опрема на аеродромот „Миленко Павловиќ“ во Батајница, во близина на Белград.

    „Пред тоа ќе се спроведат соодветните бирократски процедури, а во март започнуваме со служење на многу краткиот воен рок. Тоа дополнително ќе ги зајакне нашите одбранбени капацитети“, истакна Вучиќ.

    Што предвидува новиот закон?

    Претходно, актуелната власт во соседна Србија најави дека воениот рок ќе трае 75 дена и ќе биде задолжителен за мажи на возраст до 30 години.

    Враќање на стариот систем по повеќе од една деценија

    Со оваа одлука, Србија го менува моделот кој беше во сила цели 15 години. Имено, Армијата на Србија официјално стана професионална војска на 1 јануари 2011 година, по одлука на тогашните власти со која се укина обврската за служење воен рок.

    Од тогаш, редовната воена обврска беше заменета со доброволно служење, а војската се пополнуваше исклучиво со професионални војници и офицери.

    Прочитај повеќе

    Радев бесен: Напад со дронови во Бугарија – еден брод потонал друг се запалил

    06.10.2026 во 13:26

    Насилни судири во Приштина: Полицијата употреби солзавец и водени топови, повредени 17 лица

    06.10.2026 во 10:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.