Close Menu
Press24
    Најново

    Вучиќ е подготвен за дијалог, но и за соработка со „Студентската листа” – најави и ново раководство на СНС

    29.10.2026 во 15:26

    Мицкоски: Предложивме студентскиот оброк да се зголеми на 4.500 денари месечно, да се воведе дигитална услуга преку М-услуги

    29.10.2026 во 15:19

    Малолетник нападнал вработена во средно училиште во Карпош

    29.10.2026 во 15:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вучиќ е подготвен за дијалог, но и за соработка со „Студентската листа” – најави и ново раководство на СНС
    • Мицкоски: Предложивме студентскиот оброк да се зголеми на 4.500 денари месечно, да се воведе дигитална услуга преку М-услуги
    • Малолетник нападнал вработена во средно училиште во Карпош
    • Државата преговара за поевтин гас, в понеделник ќе се знае дали горивата ќе поскапат
    • Најмалку една година за неопходните законски измени за МВР да ги прифаќа дигиталните лични карти и возачки дозволи
    • Куманово: Цели девет месеци силувал дете
    • Речиси 580.000 евра на сметка на мајката, синот пријавен за перење пари
    • Муцунски: Процесот на европска интеграција да биде кредибилен и предвидлив и со забрзана динамика
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пронајдени клуч од мотор поврзан со убиство, бомба и пиштоли – отворена истрага за млад скопјанец

    Пронајдени клуч од мотор поврзан со убиство, бомба и пиштоли – отворена истрага за млад скопјанец

    06.10.2026 во 16:092 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против 33-годишен маж поради сомнение за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи, како и за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

    При претресот во неговиот дом, полициските службеници пронашле поголемо количество забрането оружје и муниција. Меѓу запленетите предмети се издвојува една рачна бомба „М75“ со метални кугли и шрапнелско дејство, пиштол „Црвена Застава“ со калибар 7,65 милиметри со рамка од седум куршуми, пиштол „Берета“ со шест куршуми во рамката, како и вкупно 240 куршуми со различен калибар. Покрај оружјето, во станот биле пронајдени и околу 7 грама марихуана.

    Посебно внимание во истрагата привлекол клуч од мотор пронајден на лице место. Според информациите од ОЈО Скопје, за овој мотор постојат оперативни сознанија дека бил искористен при извршување на кривично дело убиство.

    „Во станот бил пронајден и клуч од мотор за кој постојат оперативни сознанија дека бил искористен при извршување на кривично дело убиство“, наведуваат од Обвинителството.

    Поради опасност од бегство и можност за повторување на кривичните дела, јавниот обвинител до надлежен суд достави предлог за определување мерка притвор со цел да се обезбеди непречено водење на постапката. Истрагата продолжува, а за осомничениот важи презумпцијата на невиност до евентуална правосилна судска одлука.

    Прочитај повеќе

    Малолетник нападнал вработена во средно училиште во Карпош

    29.10.2026 во 15:12

    Куманово: Цели девет месеци силувал дете

    29.10.2026 во 14:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.