Close Menu
    Најново

    Маж во Турција мора да ѝ плаќа алиментација на поранешната сопруга за нивните мачки

    19.11.2025 во 23:43

    Албански државјанин фатен на „Ќафасан“ со 332 парчиња риба белвица

    19.11.2025 во 23:20

    ПОЦ се поднови со нов пајак

    19.11.2025 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Маж во Турција мора да ѝ плаќа алиментација на поранешната сопруга за нивните мачки
    • Албански државјанин фатен на „Ќафасан“ со 332 парчиња риба белвица
    • ПОЦ се поднови со нов пајак
    • Три хороскопски знаци кои секогаш прават сè за другите и се ставаат себеси на последно место
    • Скопјанка насилно ограбена на Бит Пазар
    • Трамп испрати делегација кај Зеленски- двајца генерали заминаа во Киев
    • Дел од студентите ги продаваат ваучерите, се огласи министерката Јаневска
    • Поплави, одрони, вирови и отежнат сообраќај по обилните дождови во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » УНХЦР: Владите низ целиот свет сè повеќе ја поткопуваат глобалната конвенција за бегалци

    УНХЦР: Владите низ целиот свет сè повеќе ја поткопуваат глобалната конвенција за бегалци

    17.09.2025 во 19:26
    ФОТО: UNHCR
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) денеска соопшти дека владите низ целиот свет, особено САДи европските земји, сè повеќе ја поткопуваат глобалната конвенција за бегалци и баратели на азил, доведувајќи го во прашање дури и нејзиното постоење.

    Американските медиуми пренесуваат дека ваквото остро предупредување од УНХЦР доаѓа на 75-годишнината од Конвенцијата на ОН за бегалци, документ од 1951 година што дефинира кои се бегалците и ги одредува обврските на земјите што ги примаат.

    Многу земји привремено го прекинаа разгледувањето на барањата за азил – молби за меѓународна заштита од оние кои тврдат дека ќе се соочат со војна или прогон поради нивната религија, раса, националност, сексуална ориентација или политички убедувања доколку се вратат во нивната земја.

    Не претерувам кога велам дека институцијата за азил низ целиот свет сега е поранлива од кога било досега, изјави Рувендрини Меникдивела, помошник висок комесар за заштита во УНХЦР, за време на онлајн брифинг од Женева.

    САД под администрацијата на Трамп, како и некои европски земји, сè повеќе го ограничуваат азилот и бараат билатерални договори со трети земји, особено во Африка, за депортирање на мигрантите.

    Други, како Грција, која доживеа бран судански бегалци на островот Крит, привремено ги суспендираа барањата за азил.

    Овие два документа спасија милиони животи во минатото и ќе спасат милиони животи во иднина, додаде Меникдивела, осврнувајќи се на Конвенцијата за статусот на бегалците од 1951 година, усвоена по Втората светска војна, и придружниот Протокол од 1967 година, со кој се прошири заштитата на бегалците низ целиот свет.

    Глобалната криза со финансирањето во хуманитарниот сектор влијаеше на повеќе од 122 милиони луѓе кои се раселени од своите домови, бегајќи од конфликт или прогон, вели агенцијата, додавајќи дека растот на негативните ставови кон азилот и миграцијата дополнително ја комплицира нивната ситуација.

    Популарно

    Денеска удрил над 1.000 потписи: Градоначалникот затрупан со документи

    19.11.2025 во 18:27

    Вистински хаос со ваучерите за електронски уреди: Државата им даде, па им ги поништи ваучерите на постдипломците

    19.11.2025 во 20:36

    Албански државјанин фатен на „Ќафасан“ со 332 парчиња риба белвица

    19.11.2025 во 23:20

    Тешка сообраќајка на патот Валандово-Дојран: Жена загина на лице место, повредени осум други лица

    19.11.2025 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.