Вчера во 18:55 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода П.Н.(31) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од 71-годишна велешанка дека пред и во нејзиниот дом физички ја нападнал и ја скршил влезната врата од нејзиниот дом.
Според пријавеното, тој дошол пред нејзиниот дом, ја побарал нејзината ќерка, но таа не била дома, по што физички ја нападнал пријавителката. По преземени мерки било констатирано дека П.Н. бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,11 промили алкохол во крвта.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
- Нападнал 71-годишна велешанка и ѝ ја скршил вратата: Приведен 31-годишник со 1,1 промили алкохол
- Семејна пресметка во Тетово: Пет лица приведени по тепачка меѓу роднини во иста куќа
- Затворен курсот за К9 единици во Лазарополе: Тошковски и Мисајловски со порака дека партнерството е клуч за безбедноста
- Големи измени во правосудството: Што предвидува новиот Закон за судска служба
- Македонија врие: Измерени рекордно високи температури во 14 часот, еве каде е најжешко
- Тренчевска: Владината реконструкција е само шминка
- Поголеми плати и полесно напредување: Собранието го изгласа новиот Закон за јавнообвинителска служба
- Апсења низ Македонија: Приведени шест лица

