Корисниците на булеварот „Борис Трајковски“ – крак 10 во општина Кисела Вода денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа.
Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје, добиени од ЕВН Македонија АД, прекинот во снабдувањето со електрична енергија ќе трае од 9 до 12 часот.

