Close Menu
Press24
    Најново

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50

    Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења

    02.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово
    • Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си
    • Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења
    • Берово: Четиригодишно девојче итно пренесено во болница откако проголтало капсула за перење
    • Драма во Охрид: По расправија за паркинг, 73-годишник вперил пиштол кон скопјанец
    • Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците
    • Змија влегла во куќа во струмичко – интервенирале пожарникарите
    • Гори кај Кванташки пазар – ЦУК со најнови детали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тошковски за интерпелацијата: Левица станува сојузник на СДСМ и ДУИ

    Тошковски за интерпелацијата: Левица станува сојузник на СДСМ и ДУИ

    24.06.2026 во 10:131 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оценува дека интерпелацијата поднесена од пратеничката група на Левица претставува, како што наведува, политички обид без суштински аргументи, чија цел е да се закочи процесот на справување со криминалот и корупцијата.

    Тошковски реагираше преку објава на социјалните мрежи, посочувајќи дека ова е трета интерпелација против него во период од две години и дека, според него, истата повторно е најавена преку политички настап, а не преку конкретни аргументи.

    Тој нагласува дека интерпелацијата е демократско право на опозицијата и дека нема намера да избегнува собраниска расправа, туку напротив ќе ги соочи ставовите во парламентот пред пратениците и јавноста.

    Во својата реакција, министерот упати и критики кон Левица, тврдејќи дека партијата со ваквите потези, како што вели, се позиционира како политички сојузник на СДСМ и ДУИ, иако претходно се претставувала како нивна алтернатива.

    Тошковски оценува и дека партијата, според него, сè повеќе прибегнува кон политичка конфронтација и создавање вештачки кризи, наместо да нуди конкретни резултати и решенија.

    „Не се напаѓа оној што е неважен, се напаѓа оној што менува нешто“, наведува министерот, додавајќи дека ќе продолжи да работи и дека конечниот суд ќе го дадат граѓаните.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.