Close Menu
Press24
    Најново

    Палење на фестивалскиот оган и „Т’га за југ“ – Почнуваат Струшки вечери на поезијата

    24.06.2026 во 08:08

    По третпат интерпелација за Тошковски во Собранието

    24.06.2026 во 08:06

    „Везилка“ официјално стартува- Македонија добива Национална фабрика за вештачка интелигенција

    24.06.2026 во 08:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Палење на фестивалскиот оган и „Т’га за југ“ – Почнуваат Струшки вечери на поезијата
    • По третпат интерпелација за Тошковски во Собранието
    • „Везилка“ официјално стартува- Македонија добива Национална фабрика за вештачка интелигенција
    • Собраниска седница: На маса околу 50 амандмани за игрите на среќа
    • Силно невреме се приближува кон Македонија – Метеоролозите предупредуваат до кога ќе врне
    • Стојаноски: Старт на едно ново поглавје, старт на нова победничка низа и големи успеси
    • Маж од Кочани нападнал дете и го повредил
    • Полицаец оддал службена тајна – ќе одговара кривично
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » По третпат интерпелација за Тошковски во Собранието

    По третпат интерпелација за Тошковски во Собранието

    24.06.2026 во 08:06Updated:24.06.2026 во 08:101 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратениците денеска ќе заседаваат на 106-тата собраниска седница, на која меѓу точките од дневниот ред е и расправата по интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

    Барањето за интерпелација е поднесено од пратеничката група на Левица, која смета дека министерот сноси политичка одговорност за повеќе прашања поврзани со работата на Министерството за внатрешни работи.

    Во образложението, пратениците наведуваат низа забелешки, меѓу кои и обвинувања за политизирање на полициските структури, селективно постапување на органите на редот и злоупотреба на службените овластувања. Тие посочуваат и на, според нив, пропусти во безбедносниот систем кои придонеле за трагичните настани во Кочани, како и на недоволно ефикасно постапување во случаи на семејно, родово и врсничко насилство, како и при говор на омраза.

    Опозицијата дополнително тврди дека полицијата применувала различни критериуми во слични ситуации, што, според нив, довело до нееднаков третман на граѓаните.

    Ова не е првпат работата на Тошковски да биде предмет на интерпелација во Собранието. Станува збор за трета ваква иницијатива против него, при што две се поднесени од Левица, а една од Демократска унија за интеграција.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Палење на фестивалскиот оган и „Т’га за југ“ – Почнуваат Струшки вечери на поезијата

    24.06.2026 во 08:08

    „Везилка“ официјално стартува- Македонија добива Национална фабрика за вештачка интелигенција

    24.06.2026 во 08:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.