Close Menu
Press24
    Најново

    Владата го усвои Ребалансот на Буџетот за 2026 година, приходите зголемени на 379,2 милијарди денари

    23.06.2026 во 15:48

    Сиљановска-Давкова постхумно ја одликуваше Наде Проева со Орден „8 Септември“

    23.06.2026 во 15:28

    Минчев: Реформата на јавната администрација е суштинска инвестиција во луѓето и иднината на државата

    23.06.2026 во 15:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Владата го усвои Ребалансот на Буџетот за 2026 година, приходите зголемени на 379,2 милијарди денари
    • Сиљановска-Давкова постхумно ја одликуваше Наде Проева со Орден „8 Септември“
    • Минчев: Реформата на јавната администрација е суштинска инвестиција во луѓето и иднината на државата
    • МВР: Приведени 15 возачи, меѓу нив и малолетници без возачки дозволи
    • (ВИДЕО) Жерновски со „наградно прашање“: Во која земја по Бугарија има најмногу бугарски државјани во Владата?
    • Три активни пожари во Македонија, гори Пробиштип, Свети Николе и Богданци
    • Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот на Буџетот за 2026 година обезбедуваме повеќе пари за капитални инвестиции, поддршка на граѓаните и стабилни јавни финансии
    • Пожар во продажен објект во Гевгелија, еден пожарникар пренесен во болница
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Владата го усвои Ребалансот на Буџетот за 2026 година, приходите зголемени на 379,2 милијарди денари

    Владата го усвои Ребалансот на Буџетот за 2026 година, приходите зголемени на 379,2 милијарди денари

    23.06.2026 во 15:483 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата денеска го усвои Ребалансот на Буџетот за 2026 година, кој според министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, ќе овозможи продолжување на економскиот раст и забрзување на инфраструктурниот развој во државата.

    Ребалансот претставува баланс помеѓу фискалната одговорност, потребата од забрзан развој и сериозен фокус на капиталните инвестиции.

    Со овој Ребаланс на Буџетот, вкупните приходи се ревидираат на ниво од 379,2 милијарди денари, што претставува зголемување за околу 4,2 милијарди денари или за 1,1 проценти во однос на иницијалниот Буџет за 2026 година, истакна министерката.

    На приходната страна, даночните приходи се проектирани на 213,2 милијарди денари, што е минимално намалување од 0,4 проценти.

    Ова намалување е резултат на ревидираните приходи од акцизи и корекција во ДДВ. Приходите од акцизи од првично проектираните 35,8 милијарди денари се ревидираат на 34,2 милијарди денари, односно се намалуваат за околу 1,5 милијарди денари. Причината е јасна – Владата донесе одлуки за намалување на акцизите на нафтените деривати со цел да ги ублажи последиците од растот на светските цени на горивата и да им помогне на граѓаните и компаниите полесно да се справат со ценовните притисоци, нагласи Димитриеска Кочоска.

    Неданочните приходи бележат пораст од 2 милијарди денари, додека донациите се зголемуваат за околу 2,7 милијарди денари, најмногу поради ЕУ фондовите.

    Вкупните расходи со ребалансот се ревидираат на 425,2 милијарди денари. Кај стоките и услугите има кратење од 900 милиони денари, а средствата се пренасочуваат за субвенции, социјална помош и ранливи категории.

    Овие дополнителни средства ги насочуваме кон јасно утврдени приоритети. Обезбедуваме дополнителни средства за земјоделските субвенции, субвенциите во железничкиот сообраќај, поддршката на спортот, студентскиот и ученичкиот стандард. Oбезбедуваме и дополнителна поддршка за најранливите категории граѓани преку средства за социјални надоместоци, заштитни друштва, народни кујни и мерки за деинституционализација, рече Димитриеска Кочоска.

    Буџетскиот дефицит се ревидира на 46,1 милијарди денари, односно 4,1 проценти од БДП, но министерката потенцира дека ова зголемување оди за капитални расходи и проекти како Коридорите 8 и 10-д, пречистителни станици, училишта и градинки.

    Тука имаме зголемување за 0,6 процентни поени во однос на иницијалната проекција, со што буџетскиот дефицит се ревидира на 46,1 милијарди денари, односно на 4,1 проценти од БДП. За првпат, ова зголемување на дефицитот е резултат пред сè на повисоките капитални расходи и инвестициите во инфраструктурата. Не зборуваме за дефицит кој финансира тековна потрошувачка, туку за дефицит кој финансира развој, истакна таа.

    Дефицитот и отплатата на долгот од 76,4 милијарди денари ќе се финансираат преку домашно и странско задолжување на пазарот на капитал.

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот на Буџетот за 2026 година обезбедуваме повеќе пари за капитални инвестиции, поддршка на граѓаните и стабилни јавни финансии

    23.06.2026 во 14:58

    Просечната нето-плата во април изнесуваше 48.779 денари

    23.06.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.