Close Menu
Press24
    Најново

    Избегната трагедија: Приведен пијан пешак на автопатот Гостивар–Тетово, шетал по коловозот и навредувал полицајци

    03.08.2026 во 14:45

    УХМР со најнови податоци: Гевгелија и Велес ги соборија денешните температурни рекорди

    03.08.2026 во 14:23

    Приведен 52-годишен стружанец: Навредливо се однесувал кон службени лица на прославата за 2 Август во Ташмаруништа

    03.08.2026 во 14:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Избегната трагедија: Приведен пијан пешак на автопатот Гостивар–Тетово, шетал по коловозот и навредувал полицајци
    • УХМР со најнови податоци: Гевгелија и Велес ги соборија денешните температурни рекорди
    • Приведен 52-годишен стружанец: Навредливо се однесувал кон службени лица на прославата за 2 Август во Ташмаруништа
    • Тешко повредено 4-годишно дете од Скопје: Во него удрило возило со швајцарски таблички
    • Полицијата апсеше возачи без дозволи и под дејство на алкохол – приведени 34 лица
    • Возел „мерцедес“ со 220 километри на час на автопатот А1 – Косовски државјанин приведен кај Гевгелија
    • Внимателно зад воланот во Грција: Полицијата казнува и „кочење“ на сообраќајот
    • Километарски колони кон Грција: Над 17.000 патници ја напуштиле државата преку Гевгелија за 24 часа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Радев одби средба со Мицкоски

    Радев одби средба со Мицкоски

    18.06.2026 во 18:232 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Бугарскиот претседател Румен Радев упати нови пораки до официјално Скопје, потенцирајќи дека македонското раководство прави сè што може за да го одложи зачленувањето во Европската Унија и порача дека нема потреба од средба со македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

    Ваквиот став на Радев следува по усвојувањето на најновиот извештај за напредокот на Македонија во Европскиот парламент, каде јасно се нотирани обврските на земјава.

    Во финалниот текст на Европскиот парламент останува Вториот протокол од Договорот за добрососедство со Бугарија, а од историската комисија се бара да постигне јасни и опипливи резултати. Дополнително, се потврдува обврската за спроведување на договорот со Бугарија и се нагласува дека уставните измени се главниот услов за отворање на првиот преговарачки кластер.

    Повод за реакцијата на бугарскиот претседател беше и инцидентот во кој беа запалени два дипломатски автомобили пред бугарската амбасада во Скопје. На прашањето за можна средба со Мицкоски, Радев оцени дека „нема што повеќе да си кажат“.

    „Кога присуствував на средба во Црна Гора, забележав сериозни отстапувања во позициите на некои лидери. Повторно треба да вложиме максимални напори да ги убедиме каде и како треба да се постави Европа како заеднички сојуз, за да ги заштитиме интересите и правата на сите граѓани. Постоело колебање во ставовите на повеќе европски лидери во периодот додека ме немаше во ЕУ. Некој не си ја завршил работата. Сега повторно треба да ги убедиме лидерите дека консензусот постигнат во јули 2022 година мора да се почитува.“

    Пораките на шефот на бугарската држава јасно укажуваат на продолжен притисок врз Скопје за исполнување на обврските од 2022 година.

    Вклучувањето на Бугарите во Уставот, имплементацијата на договорените протоколи и мерливиот напредок на историската комисија остануваат клучниот предуслов за каков било реален исчекор на Македонија во пристапните преговори со Унијата.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Што навистина му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа

    03.08.2026 во 10:42

    ВМРО-ДПМНЕ: Нема да има нови отстапки од идентитетот за евроинтеграциите по ниедна цена

    03.08.2026 во 10:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.