Close Menu
Press24
    Најново

    Градинка за секое дете – Конференција во Скопје

    18.06.2026 во 08:09

    Ќе нема струја до 13 часот – Исклучувања во неколку места низ Скопје

    18.06.2026 во 08:07

    Беше избрана со 56 гласа „за“ и еден „против“ – Зајковска официјално стапува на должност во ДКСК

    18.06.2026 во 08:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Градинка за секое дете – Конференција во Скопје
    • Ќе нема струја до 13 часот – Исклучувања во неколку места низ Скопје
    • Беше избрана со 56 гласа „за“ и еден „против“ – Зајковска официјално стапува на должност во ДКСК
    • Училиштата во првите редови во борбата против насилството – Поддршка и заштита за децата преку нов национален проект
    • Извештаи, ратификации и законски измени на дневен ред во Собранието
    • Новите правила за оружјето пред пратениците
    • УХМР со временска најава – Високи температури, па од утре повторно лош пресврт
    • Мицкоски: Од утре почнува реконструкцијата на владата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Градинка за секое дете – Конференција во Скопје

    Градинка за секое дете – Конференција во Скопје

    18.06.2026 во 08:091 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Скопје денеска ќе се одржи конференцијата „Ран почеток, трајни придобивки – градинка за секое дете“, во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади и УНИЦЕФ.

    Настанот е посветен на унапредување на пристапот до предучилишно образование и грижа, преку претставување на анализи и препораки за нови модели на финансирање и развој на услугите. Целта е да се поттикне поширока дебата за можностите за зголемување на опфатот на децата, со посебен акцент на најранливите категории.

    Воведни обраќања ќе имаат министерот за социјална политика, демографија и млади и претставничката на УНИЦЕФ во земјава, по што ќе бидат презентирани анализите „Првите години се важни“ и „Патеки кон инклузија“. Во рамки на конференцијата ќе се одржат и панел-дискусии посветени на улогата на јавниот и приватниот сектор во развојот на предучилишното образование, како и на можностите за поголема вклученост на децата Роми и децата со попреченост.

    Според организаторите, пристапот до квалитетно предучилишно образование останува предизвик, а значителен број деца во земјата сè уште не се опфатени со вакви услуги. Оттаму посочуваат дека се потребни нови решенија и партнерства за да се обезбеди еднаков старт и подобри можности за развој на секое дете.

    Featured Just In
    Прочитај повеќе

    Ќе нема струја до 13 часот – Исклучувања во неколку места низ Скопје

    18.06.2026 во 08:07

    Беше избрана со 56 гласа „за“ и еден „против“ – Зајковска официјално стапува на должност во ДКСК

    18.06.2026 во 08:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.