Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР ја објави викенд прогнозата – Од недела многу лош пресврт со времето
    • Избегал од „Идризово“ додека издржувал казна од 12 години затвор – Полицијата го фати
    • Лафчиски меѓу началниците на генералштабовите на НАТО во Копенхаген
    • Утрински температури низ земјава: Каде се спушти живата најниско?
    • Цената на нафтата во пад трет ден по ред – Што се случува на пазарите?
    • Некои хороскопски знаци ги очекуваат пресврти: Проверете што ви носи хороскопот денеска
    • По предавањето на Бајрами – Продолжува судењето за „Државна лотарија“
    • Храна, музика и забава за целото семејство: Street Food Picnic во Центар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Секогаш кога сакаа да ја уништат, ВМРО се враќаше посилна

    Мицкоски: Секогаш кога сакаа да ја уништат, ВМРО се враќаше посилна

    17.06.2026 во 21:413 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во обраќањето на централната прослава по повод 36-годишнината од формирањето на партијата во Струмица направи обемен историски осврт на развојот на ВМРО, истакнувајќи дека идеологијата и континуитетот на организацијата се длабоко вградени во програмските определби на ВМРО-ДПМНЕ.

    Осврнувајќи се на критиките од опозициската СДСМ во однос на името на партијата и нејзината поврзаност со историското ВМРО, Мицкоски рече дека не сакал да држи историски лекции, но дека е неопходно да се потсетат граѓаните на историските факти.

    -Секој член на ВМРО-ДПМНЕ мора да биде свесен за историскиот габарит кој го носи ова име, порача Мицкоски.

    Тој истакна дека корените на денешната ВМРО-ДПМНЕ се поврзани со формирањето на Внатрешната македонска револуционерна организација во 1893 година, која како своја основна цел ја имала борбата за автономна Македонија.

    Според него, континуитетот со историското ВМРО не е апстрактен поим, туку суштинска идеолошка определба која била прифатена од сите партиски раководства во изминатите 36 години и останала дел од политичкиот идентитет на ВМРО-ДПМНЕ.

    Во говорот, Мицкоски се осврна на различните периоди од историјата на ВМРО, потсетувајќи на подемот на организацијата во времето на Гоце Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Јане Сандански и Христо Татарчев, како и на Илинденското востание од 1903 година.

    Тој нагласи дека организацијата во текот на своето постоење минувала низ бројни предизвици, поделби и внатрешни конфликти, но успевала да опстане и да остане значаен фактор во македонското револуционерно движење.

    Посебен акцент беше ставен на периодот по Првата светска војна и дејствувањето на ВМРО под водство на Тодор Александров, кој, според Мицкоски, успеал повторно да ги обедини различните идеолошки струи во организацијата и да ја издигне во најмоќна македонска организација во тој период.

    Говорејќи за трагичните настани од втората половина на дваесеттите години на минатиот век, Мицкоски потсети на внатрешните пресметки и братоубиства кои, како што рече, оставиле длабоки рани во македонската историја.

    -Тоа беше трагично и тешко време и за ВМРО и за Македонија, од кое денес треба да извлечеме длабоки поуки и мудрост. Се случило некогаш и веќе никогаш да не се повтори, истакна тој.

    Премиерот посочи дека и по расформирањето на ВМРО во 1934 година, идејата на организацијата не исчезнала, туку продолжила да живее меѓу македонскиот народ.

    Според него, по Втората светска војна низ Македонија биле формирани бројни илегални групи и организации кои се повикувале на идеалите на историското ВМРО и се залагале за независна македонска држава.

    Мицкоски наведе дека бројни членови на таквите организации биле апсени и осудувани во периодот на поранешна Југославија, но дека и покрај тоа идејата не била искоренета.

    -Семето посеано на 23 октомври 1893 година не било уништено. Вмровската идеологија повторно воскреснала во намачената душа на македонскиот народ, порача Мицкоски.

    Тој заклучи дека историјата покажала оти ВМРО секогаш успевала да опстане и да се обнови во моменти кога многумина сметале дека нејзината улога е завршена.

    -Секогаш кога сакале да ја уништат, ВМРО како чувар на Македонија и производ на својот народ се враќала посилна, истакна Мицкоски во обраќањето по повод 36-годишнината од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа

    17.09.2026 во 21:39

    Филипче: Состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата

    17.09.2026 во 20:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.