Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Крвав напад со балистички ракети врз Киев: Загинаа две лица, повредени се медицински лица
    • Сали: Новата стратегија на ЕУ може да го забрза евроинтегративниот процес
    • Голем пожар во индустриската зона кај Риека: Издадени итни предупредувања за граѓаните
    • Скандал со вештачка интелигенција: Агент на OpenAI хакираше австралиски државен портал
    • Дневен хороскоп: Рибите добиваат убави вести, Лавот влегува во важен период
    • Димитриеска-Кочоска: Растот е 4,3 отсто, дефицитот останува во предвидените рамки
    • Германија предупредува во ОН: Руските хибридни напади во Европа достигнаа ново ниво
    • ВМРО-ДПМНЕ до Николовски: Бараш судска заштита, а не се појавуваш на рочишта
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Петмина под истрага за Терористичка организација

    Петмина под истрага за Терористичка организација

    17.06.2026 во 18:462 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица од Скопје. Постои основано сомневање дека лицата кои се на возраст од 22 до 34 годинисториле кривично дело Терористичка организација.

    Предметот е резултат на координирани активности што беа спроведени под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од страна на Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам и Агенцијата за национална безбедност.

    Според прибраните докази, првоосомничениот кон крајот на 2024 година формирал интернет канал и група на социјална платформа во која членувале и останатите осомничени. Во текот на 2025 и 2026 година, преку овие комуникациски канали осомничените ширеле содржини со кои се промовирала и поддржувала идеологијата на терористичката организација ИСИС и други идеолошки поврзани терористички организации, како и џихадистички идеолошки материјали. Целта била ширење на пропаганда, идеолошка индоктринација и глорификација на терористички дејствија и нивни извршители.
    Во текот на вчерашниот ден, по наредба на судија на претходна постапка, се извршени претреси на пет локации на подрачјето на Скопје, од кои три во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, каде двајца од осомничените се на издржување на казна за друго кривично дело, а еден осомничен е во притвор, како и на две други локации поврзани со останатите осомничени лица. При претресите се пронајдени и одземени повеќе електронски уреди и други предмети што ќе бидат предмет на вештачење и понатамошна доказна постапка.

    Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје делумно го прифати предлогот на јавниот обвинител и на еден осомничен му определи мерка притвор, додека за вториот му е определена мерка куќен притвор.

    Прочитај повеќе

    Операција „Филтер“: Паѓа организирана група за шверц на цигари, Царинската управа врши претреси на над 20 локации

    24.09.2026 во 08:51

    ВИДЕО: Малолетник го запалил македонското знаме и се фалел со видео – МВР го расчисти случајот

    24.09.2026 во 08:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.