Close Menu
Press24
    Најново

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    Лоши прогнози: Скап дизел ќе возиме цела наредна година

    07.10.2026 во 10:13

    Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок

    07.10.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во близина на минхенскиот аеродром забележана дива мачка за која се сомнева дека е пума
    • Разбиен синџир за шверц со мачки – Украдени илјадници миленици за месо во Виетнам
    • Најстудено вечерва во Берово – Погледнете ги измерените температури во 23 часот
    • СЗО бара официјални информации од Русија: Истрага за смртта на научничка во Иркутск по сомневањата за белодробна чума
    • Во петок можни се пречки во мрежите и ГПС – се очекува умерена геомагнетна бура од категорија G2
    • Инцидент во рудникот „Трепча“: 63 рудари останаа заглавени под земја
    • Танкер погоден од повеќе ракети во близина на Катар – има жртви
    • Татко случајно ја усмрти тригодишната ќерка со земјоделска машина во сопствениот двор – Трагедија во Албанија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски од Даблин: Ирска дава силна и принципиелна поддршка за нашиот европски пат

    Муцунски од Даблин: Ирска дава силна и принципиелна поддршка за нашиот европски пат

    17.06.2026 во 13:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на својата работна посета на Даблин, оствари средба со претседавачот и членовите на Заедничкиот комитет за прашања поврзани со Европската Унија на двата дома на ирскиот Парламент.

    За време на разговорите, првиот човек на македонската дипломатија упати директна благодарност до ирските парламентарци за континуираниот став на нивната држава во однос на евроинтеграциите.

    „Изразив благодарност за силната и принципиелна поддршка што Ирска ја дава на политиката на проширување на Европската Унија и на нашиот европски пат“ – информираше Муцунски.

    Главна тема на состанокот била актуелната состојба во процесот на евроинтеграција, при што министерот ги претставил приоритетите на новата извршна власт во однос на реформската агенда и усогласувањето со европските стандарди.

    „Разговаравме за актуелната состојба во процесот на евроинтеграција, при што ја истакнав посветеноста на Владата на спроведувањето на реформите, особено во областа на владеењето на правото, борбата против корупцијата и јакнењето на институциите“ – стои во официјалниот осврт за средбата.

    Муцунски пред членовите на Заедничкиот комитет на ирскиот Парламент ја нагласи важноста од фер и транспарентен пристап во процесот на проширување на Унијата, кој мора да се заснова на објективни критериуми и постигнати резултати.

    „Потенцирав дека кредибилен процес на проширување, заснован на заслуги и исполнување на Копенхашките критериуми, е од суштинско значење за зачувување на довербата во Европската Унија и нејзината трансформативна моќ во регионот“ – заклучи министерот.

    Двете страни ја потврдија посветеноста за понатамошно продлабочување на билатералната соработка меѓу Македонија и Ирска, како на парламентарно, така и на институционално ниво.

    Прочитај повеќе

    ЕСМ: Од 15 октомври официјално почнува грејната сезона во Скопје

    05.10.2026 во 13:11

    ЈСП: Бесплатен јавен превоз во Скопје за време на „Бела ноќ 2026“

    01.10.2026 во 14:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.