Close Menu
Press24
    Најново

    Герасимовски: Центар пееше во еден глас, македонски евергрини и филмски класици ја кренаа публиката на нозе на Центарска симфонија

    14.06.2026 во 12:16

    Дејвид Бекам доби ѕвезда на Холивудската патека на славните

    14.06.2026 во 12:06

    Претрес во Гостивар: Пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

    14.06.2026 во 12:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Герасимовски: Центар пееше во еден глас, македонски евергрини и филмски класици ја кренаа публиката на нозе на Центарска симфонија
    • Дејвид Бекам доби ѕвезда на Холивудската патека на славните
    • Претрес во Гостивар: Пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС повторно лаже, повисоки субвенции, сточарството бележи позитивни резултати
    • Нова алатка против дезинформации: Уставниот суд ја промовира платформата Дознај факти
    • Тепачка меѓу затвореници, еден со тешки повреди пренесен на Ургентен центар
    • (ВИДЕО) Димитриевски: Мицкоски нема пари за земјоделците – има криза со откупот на млеко
    • Забрчанец: Демократската отвореност и популизмот не се исклучуваат меѓусебно
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски: Центар пееше во еден глас, македонски евергрини и филмски класици ја кренаа публиката на нозе на Центарска симфонија

    Герасимовски: Центар пееше во еден глас, македонски евергрини и филмски класици ја кренаа публиката на нозе на Центарска симфонија

    14.06.2026 во 12:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во еден глас, со многу емоции и одлична атмосфера, вчеравечер на ,,Плочник“ кај Градски ѕид се одржа второто издание на „Центарска симфонија“, во организација на Општина Центар.

    Публиката уживаше во македонските евергрини и филмска музика, во изведба на „Сонора Колектив“ оркестарот и одличните вокали на Иван Наумовски и Елена Васова.

    „Центар останува место на најубавите културни настани. Среќен сум што вечерва ве гледам овде, во толку голем број, на уште едно издание на „Центарска симфонија“, истакна Герасимовски пред почетокот на концертот.

    Во текот на вечерта беа изведени  безвременските хитови на Драган Мијалковски и Нина Спирова, како и музичките теми од култните филмови „Валканиот танц“, „Кум“, „Пиратите од Карибите“ и други, кои публиката ги проследи со силни аплаузи и воодушевување.

    Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека оваа манифестација заслужено зазема важно место во културниот живот на Центар.

    „Интересот и оваа година е одличен. Центарци уживаат во вакви настани и токму тоа ни е поттик да продолжиме да создаваме културни содржини за сите генерации. Музиката обединува, создава убави спомени и носи посебна енергија. Благодарен сум што сите заедно уживавме во уште една прекрасна летна вечер“, рече Герасимовски,

    Општина Центар продолжува да ја збогатува културната понуда со манифестации што го оживуваат јавниот простор и градското секојдневие.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски: Целосно ја реконструираме улицата „101“ во Волково

    13.06.2026 во 14:46

    Дел од Скопје и околината денеска без струја, еве ги локациите

    13.06.2026 во 10:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.