Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија на експресниот пат Прилеп – Градско: Две лица загинаа, едно во тешка состојба

    11.06.2026 во 15:50

    Од утре започнуваат електронските уписи во средните училишта: Еве ги клучните датуми и рокови

    11.06.2026 во 15:45

    Ѓорѓиевски од ЗЕЛС: Бараме најмалку 10% од ДДВ и 50% од персоналниот данок за општините

    11.06.2026 во 15:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија на експресниот пат Прилеп – Градско: Две лица загинаа, едно во тешка состојба
    • Од утре започнуваат електронските уписи во средните училишта: Еве ги клучните датуми и рокови
    • Ѓорѓиевски од ЗЕЛС: Бараме најмалку 10% од ДДВ и 50% од персоналниот данок за општините
    • Возеле без дозвола низ Скопје, Прилеп и Крива Паланка – приведени седум возачи
    • Тепање сопруги, нападнат татко со нож и демнење – две лица лишени од слобода од вкупно шест пријави за семејно насилство
    • Крвава пресметка во кумановско Романовце: 25-годишник избоден од двајца сограѓани, меѓу кои еден е малолетник
    • Ужас во Куманово: Бебе од 14 месеци се затруло со средство за чистење, полицијата врши увид
    • Алиу пресече: Новиот клинички центар најевтино е да се гради до болницата „8 Септември“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трагедија на експресниот пат Прилеп – Градско: Две лица загинаа, едно во тешка состојба

    Трагедија на експресниот пат Прилеп – Градско: Две лица загинаа, едно во тешка состојба

    11.06.2026 во 15:501 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Две лица го загубија животот, а едно е тешко повредено во сериозна сообраќајна несреќа што се случи на новиот експресен пат Прилеп – Градско, во близина на клучката за Кавадарци. Црната статистика ја потврдија од кавадаречката Брза помош и Територијалната противпожарна единица, чии екипи веднаш интервенирале на теренот.

    Според првичните информации до кои дојде МИА, несреќата била предизвикана од директен судир помеѓу две возила.

    „Директно се судриле две возила. Во едното загинале две лица од машки и женски пол, а едно тешко повредено лице на 39 години од Прилеп од другото возило, било транспортирано во тешка здравствена состојба до Општа болница Кавадарци со тешки повреди“, појасни доктор Антоан Паракеов, раководител на Итна медицинска помош Кавадарци.

    Од надлежните служби во моментов не соопштуваат дополнителни детали за причините кои довеле до трагедијата.

    Очевидци кои се затекнале на местото на настанот сведочат за брзата реакција на спасувачките тимови. Тие посочуваат дека Итната медицинска помош и Противпожарната дошле најбрзо што можеле на лице место. Пожарникарите морале да интервенираат за да го извлечат преживеаниот, но тешко повреден маж од едниот автомобил, по што тој итно бил пренесен во болница.

    Прочитај повеќе

    Возеле без дозвола низ Скопје, Прилеп и Крива Паланка – приведени седум возачи

    11.06.2026 во 15:29

    Тепање сопруги, нападнат татко со нож и демнење – две лица лишени од слобода од вкупно шест пријави за семејно насилство

    11.06.2026 во 15:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.