Close Menu
Press24
    Најново

    Сиљановска на Самитот на ПСЈИЕ во Софија – Средба со Јотова

    10.06.2026 во 08:22

    „Спремни за средно!“ – Бесплатна полуматурска забава во Кисела Вода

    10.06.2026 во 08:18

    Измени во цените на ПАП и ХПВ тестирањето во Македонија

    10.06.2026 во 08:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сиљановска на Самитот на ПСЈИЕ во Софија – Средба со Јотова
    • „Спремни за средно!“ – Бесплатна полуматурска забава во Кисела Вода
    • Измени во цените на ПАП и ХПВ тестирањето во Македонија
    • Муцунски во Софија – Дискусии за европската перспектива на Југоисточна Европа
    • Ќе нема струја до 15:30 часот – Најавени исклучувања низ Скопје
    • Интерпелација за Цветан Трипуновски во Собрание
    • Стартува „Училишта на 21 век – Фаза II“
    • Николоски ќе изврши увид во изградбата на пругата кон Бугарија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска на Самитот на ПСЈИЕ во Софија – Средба со Јотова

    Сиљановска на Самитот на ПСЈИЕ во Софија – Средба со Јотова

    10.06.2026 во 08:222 Mins Read
    Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на РСМ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Софија ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ). На маргините на состанокот, таа ќе оствари билатерални средби со претседателката на Република Бугарија, Илијана Јотова, и со в.д. претседателката на Република Косово, Албулена Хаџиу.

    На Самитот, Сиљановска-Давкова ќе се обрати на пленарната сесија на тема „Компас кон стабилност, безбедност и одржливост“.

    Во изјава пред заминувањето, претседателката нагласи дека средбата со бугарската претседателка Јотова претставува продолжение на претходните контакти и можност за зајакнување на довербата меѓу двете земји, при што очекува да се отворат и суштински прашања во билатералните односи.

    Таа посочи дека градењето доверба меѓу државите е клучно преку директни контакти и заеднички проекти, истакнувајќи дека дијалогот и соработката се најдобриот начин за унапредување на односите.

    Домаќин на Самитот е претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, а учество најавија и претседателите на Албанија, Словенија и Црна Гора, претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, премиерот на Молдавија, како и високи претставници од Турција, Грција и Хрватска, заедно со Генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка.

    Пред почетокот на Самитот ќе се одржи и состанок на министрите за надворешни работи во рамки на бугарското претседавање со ПСЈИЕ, на кој ќе учествува министерот Тимчо Муцунски.

    Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) претставува највисок политички форум за регионална соработка, основан во 1996 година во Софија. Денес обединува 13 земји од регионот, со цел унапредување на добрососедските односи, политичкиот дијалог и европската интеграција на Југоисточна Европа.

    Top News Влада
    Прочитај повеќе

    „Спремни за средно!“ – Бесплатна полуматурска забава во Кисела Вода

    10.06.2026 во 08:18

    Измени во цените на ПАП и ХПВ тестирањето во Македонија

    10.06.2026 во 08:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.