Две лица лишени од слобода, вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие
На 05.06.2026 во 23:50 часот полициски службеници од Полициското одделение Чашка го лишија од слобода И.Н.(54) од село во Општина Чашка, постапувајќи по пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 56-годишна сопруга. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 05.06.2026 во 19:30 часот во СВР Велес, 39-годишна велешанка пријави дека нејзиниот сопруг М.Ј.(41) од Велес, не го почитувал решението од Основен суд Велес, односно и се јавувал на телефон и ја вознемирувал. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 06.06.2026 во 01:50 часот во СВР Скопје 54-годишна жена пријави дека на 05.06.2026 околу 17:00 часот во домот на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Д.Н.(61). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.06.2026 во 22:50 часот во делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода Б.И.(42) по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал мајката на неговата сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 05.06.2026 во 13:30 часот во СВР Штип 34-годишна жена пријави дека во домот во Штип со тврд предмет била нападната од нејзиниот свекор Б.Т.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

