Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР ја објави викенд прогнозата – Од недела многу лош пресврт со времето
    • Избегал од „Идризово“ додека издржувал казна од 12 години затвор – Полицијата го фати
    • Лафчиски меѓу началниците на генералштабовите на НАТО во Копенхаген
    • Утрински температури низ земјава: Каде се спушти живата најниско?
    • Цената на нафтата во пад трет ден по ред – Што се случува на пазарите?
    • Некои хороскопски знаци ги очекуваат пресврти: Проверете што ви носи хороскопот денеска
    • По предавањето на Бајрами – Продолжува судењето за „Државна лотарија“
    • Храна, музика и забава за целото семејство: Street Food Picnic во Центар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски најавува пресврт: Од септември Скопје повеќе нема да има проблем со отпадот

    Ѓорѓиевски најавува пресврт: Од септември Скопје повеќе нема да има проблем со отпадот

    05.06.2026 во 13:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска порача дека интензивно се работи на стабилизација и подобрување на состојбата со менаџирањето со отпадот во главниот град, најавувајќи набавка на нова механизација и опрема.

    Локалните власти фокусот го ставаат на зголемување на ефикасноста во работењето на ЈП „Комунална хигиена“, каде веќе се санирани дел од наследените финансиски долгови кон вработените.

    -Очекувам дека од септември темата за отпадот повеќе нема да биде третирана во јавноста на начинот на кој беше досега. Навистина е тешко. Имаше сериозни проблеми во Комунална хигиена, вклучително и неисплатени плати. Во моментот кога станав градоначалник, обврските по основ на плати изнесуваа околу 90 милиони денари, денес тие се намалени на amazon 60 милиони денари. Иако денес има помалку вработени отколку порано, претпријатието работи значително поефикасно. Полека, но сигурно, ги решаваме проблемите. Верувам дека сме во завршна фаза и дека останува уште да пристигнат механизацијата и контејнерите за сето тоа да биде ставено во целосна функција, нагласи Ѓорѓиевски.

    Ѓорѓиевски појасни дека за разлика од критичната состојба пред шест месеци кога претпријатието располагало со само 16 оперативни возила, сега на терен секојдневно работат меѓу 50 и 60 камиони за одлагање смет, иако се соочуваат со чести дефекти на старата механизација.

    -Проблемот, и тоа постојано го истакнувам, е што најголемиот дел од возилата се стари. Особено проблем имаме со роботите, кои беа набавени чинам во времето на Шилегов. Од вкупно четири, едниот е целосно нефункционален, а останатите три постојано се расипуваат. Поради тоа, често се случува бројот на оперативни возила да се намали од 50 на 20 или 30 камиони – изјави скопскиот градоначалник.

    За надминување на овој дефицит, со поддршка на Владата и Светската банка се обезбедуваат околу 40 нови возила, додека самиот Град Скопје дополнително инвестира во четири камиони и две претоварни станици во Ѓорче Петров и Гази Баба за побрз транспорт на сметот до „Дрисла“.

    -Дополнително, чекаме во секој момент да биде потпишан договорот за набавка на 2.600 нови контејнери. Станува збор за бројка што не е набавена последните десет години. Дури и ако се соберат сите набавки на контејнери во изминатата деценија, не се достигнува оваа бројка. Недостигот од контејнери беше еден од најсериозните проблеми во Комуналната хигиена. На многу микролокации во градот недостигаа контејнери, а постојните со години не беа заменети. И тој проблем веќе го решаваме – истакна Ѓорѓивски.

    Прочитај повеќе

    Храна, музика и забава за целото семејство: Street Food Picnic во Центар

    18.09.2026 во 08:04

    Ќе нема струја од 9 часот – Денеска најавено исклучување во дел од Скопје

    18.09.2026 во 07:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.