Close Menu
Press24
    Најново

    ВМРО-ДПМНЕ: Лудилото на СДС нема крај

    02.06.2026 во 19:34

    Кошта до Мицкоски: Уставните измени се услов за почнување на преговорите со ЕУ

    02.06.2026 во 19:16

    ВО ЖИВО: Прес-конференција на Мицкоски и Кошта

    02.06.2026 во 18:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ: Лудилото на СДС нема крај
    • Кошта до Мицкоски: Уставните измени се услов за почнување на преговорите со ЕУ
    • ВО ЖИВО: Прес-конференција на Мицкоски и Кошта
    • ВИДЕО: Мицкоски го пречека Кошта во Скопје
    • Средба Давкова-Калињак: Во фокус евроинтеграциите на Македонија
    • Што навистина се случило зад затворени врати? Трамп откри детали од „остриот разговор“ со Нетанјаху
    • Кошта слета во Скопје: На аеродром го пречека Муцунски
    • Жестока битка на небото над Украина: Русија удри со сета сила
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Лудилото на СДС нема крај

    ВМРО-ДПМНЕ: Лудилото на СДС нема крај

    02.06.2026 во 19:341 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Лудилото на СДС нема крај, немаат чувство за реалност.

    Очигледно имате кратка меморија, па затоа да ве потсетиме дека пролетта 2025 година Преспанскиот регион беше погоден од мраз и родот на јаболка беше намален за 50%. За разлика од минатото јаболката денес не пливаат по Преспанското езеро, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Соберете храброст и признајте дека денес откупот се одвива непречено, нема фрлен род на буништа, што беше во минатото ваше секојдневие.

    Само оваа година над 35 милиони евра ќе влезат во Македонија од откупот на млада зелка. Тоа е показател дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи. Нема зелка што се тркала по улици, симбол на вашата неспособност.

    Наместо да држите прес конференции колку да пополните агенда и да ширите паника, признајте дека земјоделството денес е одржливо, за разлика од хаосот што го оставивте.

    А, што се однесува до вашите „скандали“ со млечните производи, што е уште една евтина ваша манипулација, денес, Агенцијата за храна и ветеринарство функционира и контролира, за разлика од вашето време, кога не се знаеше каде завршува храната со откриени пестициди.

    Вашиот проблем е што реалноста не ви одговара, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Кошта до Мицкоски: Уставните измени се услов за почнување на преговорите со ЕУ

    02.06.2026 во 19:16

    СДСМ: Најавените промени на Мицкоски се само козметика и партиска чистка

    02.06.2026 во 16:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.