Close Menu
Press24
    Најново

    Над 200.000 лажни кондоми откриени во држави во и надвор од ЕУ

    08.07.2026 во 19:28

    Иран се закани дека ќе ја блокира Ормуската теснина откако Трамп најави нови напади

    08.07.2026 во 19:21

    Николовски: Царинската управа руши рекорди во месечната наплата на приходи, во буџетот се инаксирани 12,68 милијарди денари

    08.07.2026 во 19:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Над 200.000 лажни кондоми откриени во држави во и надвор од ЕУ
    • Иран се закани дека ќе ја блокира Ормуската теснина откако Трамп најави нови напади
    • Николовски: Царинската управа руши рекорди во месечната наплата на приходи, во буџетот се инаксирани 12,68 милијарди денари
    • Хоџа на терен во Сингелиќ: Во тек е реализација на значаен проект за регулација на каналот
    • НАТО Самит во Анкара: Сојузниците се обединети во нивната основна цел – заштита на секоја педа НАТО територија
    • Завршни зборови за предметот против Димитровска: Обвинителството бара осуда, одбраната ослободителна пресуда
    • Сиљановска-Давкова: Принципите на еднаквост, солидарност и кредибилност во НАТО, да се применуваат и во ЕУ
    • Гаши се сретна со Кос: Во фокусот на разговорите патот на Македонија кон ЕУ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) Ѓорѓиевски: Интензивни активности за уредување на сообраќајната инфраструктура и јавните површини во Скопје

    (ФОТО) Ѓорѓиевски: Интензивни активности за уредување на сообраќајната инфраструктура и јавните површини во Скопје

    02.06.2026 во 11:391 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градските власти и јавните претпријатија започнаа координирани активности за уредување на патната инфраструктура, јавното зеленило и пешачките зони низ Скопје. Како што информираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, покрај големите капитални проекти, со еднакво внимание се работи на деталите кои значат поголем ред, безбедност и урбана култура во главниот град.

    На терен веќе интензивно се врши обележување на хоризонталната сигнализација, а паралелно се спроведува и замена на дотраената вертикална сигнализација низ градските сообраќајници. Според неговите најави, јасната и функционална сигнализација е клучна за побезбеден сообраќај и поголема сигурност за сите учесници во него.

    Со цел да се спречи узурпацијата на јавниот простор, долж булеварите се поставуваат заштитни столпчиња кои треба да ги обезбедат пешачките и велосипедските патеки од непрописно паркирање автомобили.

    Паралелно со инфраструктурните активности, се уредува и зеленилото кое е во надлежност на Град Скопје, со фокус на чистење на парковите и булеварите. Екипите континуирано работат и на чистење на коритото на реката Вардар на територијата на градот.

    Дополнително, во рамки на овие активности, во тек е уредување на пешачките зони во Зоолошката градина во Скопје, а јавните претпријатија работат со полн капацитет со цел граѓаните да добијат чист, уреден и безбеден град.

    Прочитај повеќе

    Во три смени се чисти и мие – Скопје исчистено од над 82 илјади тони комунален отпад

    08.07.2026 во 10:03

    Ѓорѓиевски: Водно станува побезбедно и поуредно место

    08.07.2026 во 09:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.