Close Menu
Press24
    Најново

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски на панел-дискусија: Разговаравме за мирот, дијалогот и стабилна Европа
    • Претседателката се сретна со Вајц и Рокас: Фокус на разговорите – македонската евроинтеграција
    • Сиљановска-Давкова: Надежта и разбирањето се неопходни во справувањето со Алцхајмеровата болест
    • Кремљ: Путин е подготвен за средба со Трамп, но сè уште нема договорен термин
    • И се заканувал на сопругата, и извадил и нож – маж заврши зад решетки
    • Тинејџер ја натепал баба му
    • 16 пожари на отворен простор, четири се уште активни
    • Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ со порака до Филипче: Времето на распродажба на националните интереси заврши

    ВМРО-ДПМНЕ со порака до Филипче: Времето на распродажба на националните интереси заврши

    02.06.2026 во 09:232 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Филипче да сфати дека времето на калкулации и распродажба на националните интереси заврши. Венко Филипче и неговите политички истомисленици мора конечно да разберат дека Македонија повеќе нема да прави отстапки на слепо и нема да потпишува нови понижувања без јасни, цврсти и обврзувачки гаранции. Ова го велат ВМРО-ДПМНЕ, во соопштение за јавноста.

    -Македонските граѓани веќе еднаш ја платија цената на погрешните политики на СДС. Под изговор дека државата ќе стане членка на Европската Унија, беше сменето уставното име на Македонија. Наместо ветениот напредок, државата доби нови блокади, нови условувања и нови барања. Токму затоа, никој повеќе нема право да бара од македонскиот народ нови жртви врз основа на празни ветувања и дипломатски флоскули. Довербата што ја потрошија Заев, Филипче и СДС нема да се обнови со нови притисоци врз граѓаните. Ако Филипче навистина сака напредок на европскиот пат, тогаш нека престане да врши притисок врз Македонија и нека побара од официјална Софија да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права. Наместо да ја убедува Македонија повторно да попушта, нека ја убеди Бугарија да ги почитува европските вредности и европското право, велат од владејачката партија.

    Велат, пораката до Филипче и тие како него е јасна и недвосмислена, нема уставни измени без јасни гаранции од Европската Унија. Нема нови отстапки без конкретна испорака од бугарска страна. Нема повеќе политика на наведната глава и бескрајни отстапки кои не носат никакви резултати.

    -Македонија останува посветена на европската иднина, но како достоинствена држава која ги штити своите национални интереси, а не како држава од која постојано се бара да отстапува без да добие ништо за возврат. Времето на еднострани концесии заврши. Македонија нема да се помести ниту милиметар од своите позиции без гаранции, без почитување и без реални резултати, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштението испратено до јавноста.

    Влада
    Прочитај повеќе

    Филипче од Аеродром: Дупката во Фондот за ПИОМ достигна една милијарда евра

    23.09.2026 во 14:30

    Манасиевски: Николовски избега од соочување на суд, отворивме прашања за луксузен имот, милионски зголемени бизниси и ИПАРД грантови

    23.09.2026 во 12:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.