Стопанската комора на северо-западна Македонија вечерва со свечена церемонија во Филхармонијата ќе одбележи 20 години од своето основање.
Од Комората посочуваат дека јубилејот претставува симбол на две децении посветена работа во насока на застапување на интересите на бизнис-заедницата, поттикнување на економскиот развој и создавање подобри услови за стопанисување.
На свеченоста се очекува присуство на претставници на државните институции, бизнис-секторот, како и на домашни и меѓународни партнери, кои заеднички ќе го одбележат овој значаен јубилеј.

