Close Menu
Press24
    Најново

    Министерот Хоџа го отвори МЕФ 2026 и повика на забрзана зелена транзиција на регионот

    01.06.2026 во 18:04

    Премиерот: Предизвиците во најголемaта енергетска криза да ги претвориме во наша можност

    01.06.2026 во 17:57

    Се огласи Фетаи: Заминувам со крената глава и чиста совест

    01.06.2026 во 17:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Министерот Хоџа го отвори МЕФ 2026 и повика на забрзана зелена транзиција на регионот
    • Премиерот: Предизвиците во најголемaта енергетска криза да ги претвориме во наша можност
    • Се огласи Фетаи: Заминувам со крената глава и чиста совест
    • Фетаи си поднесе оставка
    • СДСМ: ВМРО ги лаже граѓаните за европските пари
    • Андоновски во Париз: Балканот да се третира како прашање на стратешка предвидливост, сајбер заканите се заеднички
    • Драма во Карбинци: Сопруг претепал сопруга и малолетни деца, жртвите итно згрижени од Центарот за социјални работи
    • Претепани деца, татковци и мајки – приведени насилници во Скопје, Велес, Гостивар и Куманово
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Министерот Хоџа го отвори МЕФ 2026 и повика на забрзана зелена транзиција на регионот

    Министерот Хоџа го отвори МЕФ 2026 и повика на забрзана зелена транзиција на регионот

    01.06.2026 во 18:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Скопје, 01.06.2026 Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа се обрати на отворањето на Македонскиот енергетски форум 2026, кој годинава се одржува како официјален партнерски настан на иницијативата „Road to COP31“.

    Во своето обраќање, министерот Хоџа истакна дека енергетската безбедност и климатската отпорност денес се тесно поврзани предизвици и нагласи дека форумот претставува важна платформа за отворање на клучните прашања и за изнаоѓање конкретни решенија за енергетската транзиција.

    „Климатските промени веќе ги чувствуваме преку суши, пожари, топлотни бранови и зголемена енергетска неизвесност. Затоа денес не зборуваме само за стратегии, туку за безбедност, стабилност и квалитет на животот на граѓаните“, порача министерот Хоџа.

    Тој нагласи дека Северна Македонија останува силно посветена на Зелената агенда и европските климатски цели, но дека нивното исполнување бара соработка, инвестиции и заедничка акција. Според него, MEF има посебна важност бидејќи создава простор за регионална соработка со конкретни проекти.

    „Време е Западен Балкан да не биде само дел од разговорите за климатската иднина, туку и активен учесник во решенијата. Потребни се храбри и одговорни одлуки, претворање на политиките во инвестиции и остварување на визијата за зелена транзиција во реалност што ќе ја почувствуваат сите граѓани“, истакна министерот.

    На крајот од обраќањето, министерот изрази уверување дека препораките од овогодинешниот Форум ќе дадат значаен придонес кон глобалната климатска агенда и процесот на подготовка на COP31.

    Прочитај повеќе

    Премиерот: Предизвиците во најголемaта енергетска криза да ги претвориме во наша можност

    01.06.2026 во 17:57

    Се огласи Фетаи: Заминувам со крената глава и чиста совест

    01.06.2026 во 17:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.