Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија кај Запорожје: Работник загина во напад со дрон врз нуклеарната централа

    30.10.2026 во 09:20

    ФОТО: Ставил дрога во тегли и тргнал на пат – Апсење во Македонија

    30.10.2026 во 09:18

    Ангелов: „Рѓосани, но убиствени“ – Бомби лежеле на само 200 метри од куќите во Битола

    30.10.2026 во 09:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија кај Запорожје: Работник загина во напад со дрон врз нуклеарната централа
    • ФОТО: Ставил дрога во тегли и тргнал на пат – Апсење во Македонија
    • Ангелов: „Рѓосани, но убиствени“ – Бомби лежеле на само 200 метри од куќите во Битола
    • Ветувале брза заработка, измамиле стотици граѓани – МВР апелира да не наседнувате на вакви измами
    • Голем пресврт: Под американски притисок, Украина стави рампа на нападите врз руската енергетска инфраструктура
    • Над 2,2 билиони денари промет оствариле компаниите во Македонија – Статистиката открива каде се вртат најмногу пари
    • Двојно зголемени приходите од рударските концесии – Воведени построги контроли
    • Скопјанец направил хаос – Ја истепал сопругата и кршел покуќнина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Судење за „Онкологија“: Документацијата се вештачела во Србија и Словенија, судот бара рок од 15 дена за проверка на грешки

    Судење за „Онкологија“: Документацијата се вештачела во Србија и Словенија, судот бара рок од 15 дена за проверка на грешки

    01.06.2026 во 14:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со вкрстено испитување на техничкиот советник на Обвинителството, Милан Ристески, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за случајот „Онкологија“ против поранешниот директор Нино Васев и уште двајца онколози обвинети за несовесно лекување.

    Одговарајќи на прашања од одбраната на Драган Јакимовски, вештакот Ристески појасни дека вештачењето е од 26 јануари 2024 година, а најголем дел се медицински досиеја на пациенти кои биле дадени на вештачење во странство – во Словенија и Србија.

    Запрашан дали селектираната документација била комплетна за тие лица, тој одговори потврдно, но додаде: „тоа што е спакувано и како не знам“, бидејќи пакувањето не го правел тој. Тој потврди и дека во документацијата имало пациенти и на други доктори.

    Поради ова, судот го задолжи вештакот во рок од 15 дена да достави писмено известување за тоа дали постои техничка грешка во изготвените извештаи која се однесува на имиња на доктори или терапија внесени во налогот и заклучокот.

    Претходно, вештакот одговараше на прашања од одбраната на обвинетата Симонида Црвенковска околу препораките од американските и европските онколошки здруженија (ФДА, АСЦО и ЕСМО) за методите на лечење.

    „Препораките се жива и променлива категорија и се темелат на резултати од клинички студии, но и од стекнатите искуства на онкологот“, посочи вештото лице.

    Според него, препишувањето неделотворни лекарства довело до штета на буџетот, но потврди дека обвинетата Црвенковска не е опфатена во тој дел од извештајот. Тој не можеше да потврди дали лекот „ерлотиниб“ бил донација или остаток од други пациенти, додавајќи дека изворот на лековите не бил предмет на вештачењето, туку оправданоста на нивното давање.

    Следното рочиште е закажано за 15 јуни, кога Обвинителството треба да ги обезбеди преостанатите неиспитани сведоци. Судот информираше дека досега се испитани сите оштетени за кои имало лични документи, по што ќе следува сослушување на техничкиот советник на одбраната.

    Во овој процес, поранешниот директор Нино Васев и онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски се обвинети за продолжени тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување на 47 пациенти со неподобни терапии. Второобвинетата Мери Пешевска претходно ја призна вината и доби две години условна казна затвор.

    Случајот го води судијката Снежана Марковска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Марија Ѓоргева од ОЈО – Скопје.

    Прочитај повеќе

    ФОТО: Ставил дрога во тегли и тргнал на пат – Апсење во Македонија

    30.10.2026 во 09:18

    Ангелов: „Рѓосани, но убиствени“ – Бомби лежеле на само 200 метри од куќите во Битола

    30.10.2026 во 09:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.