Close Menu
Press24
    Најново

    Манасиевски: Земон и Филипче се пратеници на Бугарија

    29.05.2026 во 10:34

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче на ист став со Петрова Чамова – ќе преговара со Европа за интересите на Бугарија

    29.05.2026 во 10:10

    УНИЦЕФ: Децата се опкружени со нездрава храна во и околу училиштата – првата национална проценка повикува на посилни мерки

    29.05.2026 во 10:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Манасиевски: Земон и Филипче се пратеници на Бугарија
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче на ист став со Петрова Чамова – ќе преговара со Европа за интересите на Бугарија
    • УНИЦЕФ: Децата се опкружени со нездрава храна во и околу училиштата – првата национална проценка повикува на посилни мерки
    • ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Деаноски се луксузира во Црна Гора на грбот на членството на УПОЗ?
    • Љутков: Скопје 2028 е можност за нова европска културна визија
    • Венс: Сè уште нема сигурна согласност од Трамп за договор со Иран
    • Дневен хороскоп за 29-ти мај 2026: Пари, љубов и неочекувани пресврти
    • (ФОТО) Герасимовски на терен: Се затрупува и обезбедува градилиштето на „Теодосиј Гологанов”
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: Земон и Филипче се пратеници на Бугарија

    Манасиевски: Земон и Филипче се пратеници на Бугарија

    29.05.2026 во 10:343 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, синоќа гостуваше во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ каде што, меѓу другото, зборуваше и за изјавата на Рубин Земон од СДС, кој во гостување на бугарски поткаст рече дека македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев нема ништо направено за Македонија.

    Манасиевски посочи дека таа изјава на Земон, наспроти тврдењата на СДС, никако не може да се нарече несреќна изјава, затоа што не може да излезеш на бугарски поткаст и да тврдиш дека Гоце Делчев кој го имаме и во македонската химна е мит. 

    „Јас не би ја нарекол несреќна изјава. Да излезете вие на бугарски поткаст и да велите дека Гоце Делчев е мит и дека не направил ништо и не напишал ништо за Македонија, не извојувал ниедна битка, а го имаме во химната, прво мислам дека е нечовечки, недостоинствено и треба да размислиме пред следен пат да кажеме такво нешто. Гоце Делчев е важна историска фигура за Македонија, револуционер којшто се борел за независна Македонија, кој сакал да создаде држава. И вие денес, 100 години подоцна да говорите дека Гоце Делчев е мит и дека не направил ништо за Македонија сметам дека е крајно недостоинствено“, истакна Манасиевски.

    Манасиевски додаде дека од Рубин Земон кој вели дека негова е идејата Бугари во Устав, видовме фотографии како тој седи на кафе со еден од најголемите негатори на Македонија и македонскиот народ, кој притоа има и забранет влез во државата, Виктор Стојанов, основачот и претседателот на фондацијата „Македонија“, која се залага и дели флаери за Бугари во Устав.

    „Видовме фотографии на господинот Рубин Земон, сега поранешен член на Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз патем, поранешен соработник во владата на Зоран Заев, близок соработник, којшто на едно интервју вели дека тој ја дал идејата за внесување на Бугари во Устав. Па потоа го гледаме како „недоговорено“ седнал на кафе со, не било кој, туку со Виктор Стојанов, основач-претседател на фондацијата „Македонија“, којшто во Македонија има забранет влез. И не само тоа, гледаме, денес имавме повторно прес-конференција, каде што делеле флаери за Бугари во Устав. А кој бара Бугари во Устав во Македонија? СДС“, рече Манасиевски.

    Тука се тие тези коишто ние ги потврдуваме, потенцираше портпаролот Манасиевски и додаде дека бугарската министерка Петрова Чамова вели дека „преку бугарските мисии во Македонија работи за Бугари во Устав“ и дека „нашиот проблем не е со Бугарија, туку со Европската Унија“.

    „Знаете кој имаше таква иста изјава? Венко Филипче. Вели, ние не преговараме со Бугарија, туку преговараме со Европската Унија. Најгласен, како што ние го нарекуваме, специјален бугарски пратеник во Македонија, односно пратеник на Румен Радев, Венко Филипче е единствениот и најгласниот којшто говори за воведување на Бугари во Устав, за којшто ние тврдиме дека тоа не е последната препрека за влез во Европската Унија. Така велеа и во 2018-2019 година, кога го променувавме името, дека тоа е последниот чекор којшто треба да го направиме за да бидеме дел од ЕУ. Па еве јас прашувам, дали ние денес сме дел од Европската Унија, со променето уставно име? Не сме, за жал“, констатираше Манасиевски

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче на ист став со Петрова Чамова – ќе преговара со Европа за интересите на Бугарија

    29.05.2026 во 10:10

    ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Деаноски се луксузира во Црна Гора на грбот на членството на УПОЗ?

    29.05.2026 во 10:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.