Close Menu
Press24
    Најново

    Ограбена црква во кривопаланечко: Однесени пари и бакарен котел

    03.08.2026 во 15:55

    Приведен полицаец во Стар Дојран: Претепал жена со која бил во врска и нејзиниот малолетен син

    03.08.2026 во 15:39

    „Колапс“ на ГП Богородица: Се чека по три часа за излез од Македонија

    03.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ограбена црква во кривопаланечко: Однесени пари и бакарен котел
    • Приведен полицаец во Стар Дојран: Претепал жена со која бил во врска и нејзиниот малолетен син
    • „Колапс“ на ГП Богородица: Се чека по три часа за излез од Македонија
    • Гаши во Каиро: Македонија е пример за меѓурелигиски и мултиетнички соживот
    • Избегната трагедија: Приведен пијан пешак на автопатот Гостивар–Тетово, шетал по коловозот и навредувал полицајци
    • УХМР со најнови податоци: Гевгелија и Велес ги соборија денешните температурни рекорди
    • Приведен 52-годишен стружанец: Навредливо се однесувал кон службени лица на прославата за 2 Август во Ташмаруништа
    • Тешко повредено 4-годишно дете од Скопје: Во него удрило возило со швајцарски таблички
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кузеска до Владата: Распишете референдум, граѓаните нека одлучат за иднината

    Кузеска до Владата: Распишете референдум, граѓаните нека одлучат за иднината

    28.05.2026 во 12:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Опозицискиот СДСМ упати јавен повик до Владата за распишување референдум на кој граѓаните сами ќе одлучуваат за насоката во која ќе се движи државата. Портпаролката и членка на Извршниот одбор на партијата, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција ја обвини извршната власт дека нема средства за гласање, но има за други намени.

    Според СДСМ, актуелните економски и политички состојби директно се одразуваат врз животниот стандард на граѓаните и егзодусот на младите.

    „Владата на Мицкоски призна дека нема пари ниту за организирање референдум на кој граѓаните треба сами да одлучат за својата иднина. Пари има само за криминалната група на ВМРО и нивните криминални тендери. Нема пари за граѓаните, нема за повисоки плати, нема за минимална плата од 600 евра, нема пари за мерки, нема пари за субвенции за земјоделците“, изјави Кузеска.

    Таа додаде дека по две години од доаѓањето на ВМРО на власт, состојбите со платите и цените во земјава се алармантни, обвинувајќи ја власта за лажни ветувања поврзани со договорите и евроинтеграциите.

    „Мицкоски и ВМРО лажеа за сè а лажат и денеска. Лажеа дека ќе „го вратат името“ лажеа дека Преспанскиот договор е предавство, лажеа дека се загрозени јазикот, културата и македонскиот идентитет. Сега повторно лажат – дека Европа го загрозува македонскиот идентитет. Не. Единственото што е навистина загрозено е иднината на нашите деца со криминалните политики на Мицкоски“, подвлече портпаролката на опозицијата.

    Кузеска во своето обраќање даде и личен осврт на состојбите со заминувањето на младите луѓе од државата и потенцираше дека референдумското изјаснување е неопходно.

    „Референдумот не е политичко прашање туку прашање за нашите семејства, за нашите деца и за иднината на Македонија. Граѓаните сами треба одлучат дали се подготвени тие, нивните семејства и нивните деца да ја плаќаат цената на погрешните политики на Мицкоски. Ние не сакаме да плаќаме цена. Ние сакаме иднина, европска. Распишете референдум! Граѓаните нека одлучат!“, порача Кузеска.

    Прочитај повеќе

    Гаши во Каиро: Македонија е пример за меѓурелигиски и мултиетнички соживот

    03.08.2026 во 15:06

    СДСМ: Што навистина му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа

    03.08.2026 во 10:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.