Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата
    • Фатална грешка со вештачка интелигенција: Инцидент со товарен брод за малку ќе предизвикаше војна меѓу САД и Кина
    • Викенд хороскоп: Ѕвездите носат неочекувани страсти и пресврти
    • Трамп ги исфрла медиумите од Белата куќа
    • Целата земја остана без струја – колапс во електроенергетската мрежа
    • Путин напиша 3+2 на состанокот, човекот на Трамп не ја сфати пораката
    • Ѓорѓиевски: Во тек е рокот за испорака на новите автобуси
    • Во завршна фаза подземната сообраќајница кај „Лимак“: Ѓорѓиевски најави целосно поврзување до 2028 година
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски на Форумот за културна дипломатија: Силата на една држава се мери преку способноста да инспирира доверба

    Муцунски на Форумот за културна дипломатија: Силата на една држава се мери преку способноста да инспирира доверба

    28.05.2026 во 12:142 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска се обрати на отворањето на 4. Форум за културна дипломатија „Скопје 2026“. Настанот е посветен на улогата на културната дипломатија и глобалниот дијалог во време на забрзани геополитички промени.

    Муцунски преку социјалните мрежи порача дека во современиот свет, силата на една држава сè повеќе се мери преку нејзината способност да гради партнерства и да инспирира доверба.

    „Во своето обраќање нагласив дека културната дипломатија е најчовечката форма на дипломатија и дека нејзината задача е да ја врати човечката димензија во меѓународните односи. Да потсети дека зад секоја држава стојат луѓе, зад секоја политика искуства, а зад секој идентитет историја, јазик, култура и достоинство.“

    Тој истакна дека оваа форма на дипломатија денес претставува сериозен инструмент за државно позиционирање, особено во време кога светот е технички поврзан повеќе од кога било, но политички и општествено често подлабоко оддалечен.

    „Истакнав и дека културната дипломатија денес не е само „мека моќ“, туку сериозен инструмент на државно позиционирање, градење партнерства и долгорочно влијание…“

    Според Муцунски, државата треба да ги користи културата, образованието, младите луѓе, уметниците, дијаспората, научното знаење и европската приказна како дел од поширока дипломатска понуда. Како клучна порака од форумот, тој ја издвои потребата од навремено градење канали на разбирање.

    „Нагласив и дека мирот не се гради само кога ќе заврши кризата, туку многу порано – преку секој канал на разбирање што сме го отвориле пред да биде предоцна. А довербата, денес, останува највредниот капитал во дипломатијата.“

    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Манасиевски: Жерновски повторно забележан со „Мерцедесот“ на братучедот и непрописно паркиран

    18.09.2026 во 17:44

    Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата

    18.09.2026 во 14:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.