Close Menu
Press24
    Најново

    Сирски: Од почетокот на годината погодивме околу 700 цели во Русија

    10.07.2026 во 23:52

    Жена пријавила дека ѝ бил ограбен сефот во банка кој го имала закупено – недостасувале пари и часовник

    10.07.2026 во 23:30

    Млада скопјанка нападната од жена во Кисела Вода

    10.07.2026 во 22:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сирски: Од почетокот на годината погодивме околу 700 цели во Русија
    • Жена пријавила дека ѝ бил ограбен сефот во банка кој го имала закупено – недостасувале пари и часовник
    • Млада скопјанка нападната од жена во Кисела Вода
    • Скопјанец ги натепал татко си и сестра си – искршил и дел од покуќнината
    • Објавени нови 40 фајлови за НЛО, познато е што содржат
    • Жена ќе одговара за „насилство врз дете“
    • Андоновски: Дијаспората треба електронски да гласа
    • Украинскиот министер за спорт со жесток напад до МОК: Дојдете да видите како се тренира под руски бомби
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Терапијата за мултиплекс склероза се децентрализира: Лекови ќе има во Битола, Куманово и Струмица

    Терапијата за мултиплекс склероза се децентрализира: Лекови ќе има во Битола, Куманово и Струмица

    27.05.2026 во 16:552 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Лицата кои живеат со мултиплекс склероза наскоро ќе може да ја добиваат потребната терапија во местото каде што живеат. Ова денеска, на одбележувањето на Светскиот ден на лицата со мултиплекс склероза – 30 мај, го најави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

    Со новата набавка на лекови, тие повеќе нема да се дистрибуираат само на Клиниката за неврологија во Скопје, туку и во болниците во Битола, Куманово и Струмица, односно онаму каде што има повеќе пациенти и каде што работат невролози.

    „Имаме договор за децентрализација на терапијата и на интерфероните и на биолошката терапија. Дистрибуцијата нема да биде само на Клиниката за неврологија. Интерферони ќе има во болници со повеќе пациенти и каде има невролози, бидејќи без невролози, следење на терапијата е неможно. За почеток ќе биде во Битола Куманово, Струмица, како и во местата каде има повеќе пациенти така и во места кои се поодалечени од Скопје“, изјави Клековски.

    Директорот на ФЗОМ потенцираше дека буџетот за лицата со МС за оваа година изнесува 45,1 милион денари, што е за трипати повеќе во споредба со 2022 година, а воедно се намалени и цените на потребните лекови.

    „Лицата со мултиплекс склероза да живеат еден продуктивен живот, ако се рано откриени и примаат соодветна терапија. Стигмата се надминува и се охрабруваат луѓето да се појавуваат во јавноста и да водат нормален живот. Не е само зголемен паричниот износ. Oвозможено е да нема листи на чекање за биолошка терапија. Оваа терапија е животноизменувачка и ќе правиме напори да се опфатат сите нови пациенти. Одиме кон намалување на лекување на пациентите со интерферон и зголемување на повеќе пациенти на биолошка терапија“, изјави Клековски.

    Тој додаде дека за аплицирање на биолошката терапија веќе се обучени медицински сестри и персонал во Градската општа болница „8-ми Септември“, како и во болниците во Штип и во „Св. Еразмо“ во Охрид.

    Прочитај повеќе

    Жена пријавила дека ѝ бил ограбен сефот во банка кој го имала закупено – недостасувале пари и часовник

    10.07.2026 во 23:30

    Млада скопјанка нападната од жена во Кисела Вода

    10.07.2026 во 22:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.