Close Menu
Press24
    Најново

    Запленети 200.000 лажни кинески кондоми ширум Европа

    08.07.2026 во 12:42

    Објавени се првичните причини за смртта на 24-годишната девојка од Македонија во стан во Солун

    08.07.2026 во 12:23

    Проширена Европа значи посилно НАТО

    08.07.2026 во 12:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Запленети 200.000 лажни кинески кондоми ширум Европа
    • Објавени се првичните причини за смртта на 24-годишната девојка од Македонија во стан во Солун
    • Проширена Европа значи посилно НАТО
    • Трамп од Анкара: Примирјето со Иран е завршено, тие се „џган“ и „лудаци“
    • Скок од мост во поплава
    • Иванов: Македонија станува клучна транспортна крстосница, интензивно се работи на автопатите и експресните патишта
    • Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ нека се договорат меѓу себе што сакаат од Изборниот законик
    • Подгответе се за пресврти со времето: УХМР со временска најава до крај на неделата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Голем празник пред нас: Зошто се носат ореови лисја на Духовден и што не треба да се прави

    Голем празник пред нас: Зошто се носат ореови лисја на Духовден и што не треба да се прави

    27.05.2026 во 09:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Православните верници во Македонија се подготвуваат за одбележување на Духовден, еден од дванаесетте најголеми црковни празници во годината. Специфично за овој голем ден е што тој нема класично претпразненство во православниот календар.

    Овој ден го означува последниот празник од Божјиот домострој и претставува директно исполнување на старозаветните пророштва за дарувањето на Светиот Дух врз луѓето.

    Традицијата на одбележување кај македонскиот народ е проследена со низа специфични обреди. Меѓу нив најпознато е носењето и ставањето ореови лисја во облеката, обичај кој во пракса и во домаќинствата служел и како природна заштита од молци.

    Во минатото, верниците масовно ги кителе црквите, гробовите и своите куќи со зелени гранки. Во оваа обнова на природата, нашиот народ отсекогаш гледал симбол за обновување на сопствената духовна сила.

    Во одредени региони низ земјава се изведувале и масовни обреди со принесување курбан во планините, со цел да се заштитат полињата од градобијни облаци. За време на овие обичаи, жените пееле посебни молитвени песни:

    „Јој ти милинки Свјати Дух, / Като грмнеш и треснеш, / Сичка са гора путриса: / И мʼжку детја фаф мајќа, / И руду јагња пуд овца, / И љута змија вʼгармада. / О слушај нашта мулитва, / Мирен дʼш прати пу нива, / Пу ниви и пу љуваде…“

    Како уште еден специфичен детаљ кој останал запаметен во македонските региони, особено во Гевгелиско, било брзањето јачменот да биде дожнеан точно до Духовден. Старите верувале дека веднаш по празникот почнуваат силни ветрови кои можат целосно да го урнат и уништат родот.

    Прочитај повеќе

    Скок од мост во поплава

    08.07.2026 во 12:06

    Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука

    07.07.2026 во 23:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.