Close Menu
Press24
    Најново

    ВМРО-ДПМНЕ со критика за Битиќи: Нападите кон министерката се одраз на слабост

    10.07.2026 во 09:41

    Рекордни бројки на македонските аеродроми: Речиси два милиони патници во првите шест месеци

    10.07.2026 во 09:38

    ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со најниска инфлација во регионот, владините мерки дадоа резултат

    10.07.2026 во 09:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ со критика за Битиќи: Нападите кон министерката се одраз на слабост
    • Рекордни бројки на македонските аеродроми: Речиси два милиони патници во првите шест месеци
    • ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со најниска инфлација во регионот, владините мерки дадоа резултат
    • ВМРО-ДПМНЕ: Лошите рејтинзи ги тераат СДСМ, Левица и ДУИ да го блокираат Изборниот законик
    • ФОТО: Ненадејно почина 44-годишен полицаец од Кичево, зад себе остави две малолетни деца
    • Никола Груевски се огласи на Фејсбук
    • Чудна пријава во Скопје: 54-годишна жена пријавила дека родителите не ја пуштаат да излезе од дома
    • Град Скопје со важно соопштение
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Поништен големиот тендер за набавка на 150 електрични автобуси, Министерството за транспорт најави нова постапка

    Поништен големиот тендер за набавка на 150 електрични автобуси, Министерството за транспорт најави нова постапка

    22.05.2026 во 15:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Државната комисија по жалби за јавни набавки по службена должност донесе решение со кое целосно ја поништи јавната набавка за набавка на електрични автобуси и полначи.

    Од Министерството за транспорт веднаш излегоа со став и најавија дека целиот процес ќе биде обновен за многу кратко време.

    „Министерството за транспорт Ве известува дека согласно своите надлежности, предметната јавна набавка повторно ќе ја објави согласно законските прописи во најбрз можен рок“, се наведува во соопштението.

    Претходно, за најповолен понудувач на овој јавен повик за 150 еколошки возила и 75 полначи беше избрана понудата на унгарски „Икарус“ и австриски „ЕВН“.

    Цената по возило според тогашните пресметки изнесуваше 19.350.000 денари, односно околу 314 илјади евра по автобус, што тогаш беше оценето како конкурентно на пазарот.

    Според првичната одлука, компанијата „Икарус“ требаше да ги испорача електричните автобуси, додека „ЕВН“ беше задолжена за поставување на станиците за полнење.

    Техничките спецификации налагаа автобусите да имаат моќност од најмалку 300 kW, капацитет за минимум 66 патници и автоматски систем за ладење и греење.

    Во договорот беше предвидено избраниот оператор да врши тековно одржување и сервисирање, како и да обезбеди резервни делови во период од 10 години.

    Планот предвидуваше првите 30 автобуси и 15 станици да пристигнат во рок до шест месеци, а останатите возила сукцесивно во наредните 12 и 18 месеци.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ со критика за Битиќи: Нападите кон министерката се одраз на слабост

    10.07.2026 во 09:41

    ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со најниска инфлација во регионот, владините мерки дадоа резултат

    10.07.2026 во 09:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.