Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска престојува во посета на Ријад, Саудиска Арабија. Со него во собраниската делегација се и координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Мицевски и Оливер Спасовски, како и заменик-координаторот на ВЛЕН, Аднан Азизи.
Во рамки на посетата, Гаши треба да оствари средба со претседателот на саудискиот Консултативен совет, Шеик д-р Абдула бин Мухамед бин Ибрахим Ал-Шеик, како и со пратеници и членови на Групата за пријателство. Македонската делегација ќе присуствува и на пленарна седница на Советот на Шурата.

