Close Menu
Press24
    Најново

    МВР потпиша Меморандум со Фондацијата „Фросина Кулакова“, Тошковски најави и надградба на Safe City по синоќешната трагедија

    22.05.2026 во 15:06

    Акција на МВР низ државата: Приведени петмина возачи за безобѕирно возење, малолетници фатени зад волан без дозвола

    22.05.2026 во 14:33

    Црн ден во домовите: Приведени насилници во Тетово и Велес, нападнати жени во Скопје и Прилеп

    22.05.2026 во 14:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • МВР потпиша Меморандум со Фондацијата „Фросина Кулакова“, Тошковски најави и надградба на Safe City по синоќешната трагедија
    • Акција на МВР низ државата: Приведени петмина возачи за безобѕирно возење, малолетници фатени зад волан без дозвола
    • Црн ден во домовите: Приведени насилници во Тетово и Велес, нападнати жени во Скопје и Прилеп
    • Скопје пред голема трансформација за 2028 година: Летни сцени на Кале и Аквадуктот, Поштата станува центар за младите
    • Потврден првиот случај на западнонилска треска во Македонија, велешанец итно хоспитализиран во Скопје
    • Зоолошките градини во Скопје и Битола се модернизираат по европски стандарди, се гради стабилен финансиски систем
    • Скандал во средно училиште во Демир Хисар: Професор фалсификувал потпис на менторот за да си обезбеди кариера
    • Ужас во Ценар: Среде бел ден маж се самозадоволувал пред скопјанка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МВР потпиша Меморандум со Фондацијата „Фросина Кулакова“, Тошковски најави и надградба на Safe City по синоќешната трагедија

    МВР потпиша Меморандум со Фондацијата „Фросина Кулакова“, Тошковски најави и надградба на Safe City по синоќешната трагедија

    22.05.2026 во 15:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за внатрешни работи и Фондацијата „Фросина Кулакова“ официјално потпишаа Меморандум за соработка во насока на зголемување на безбедноста во патниот сообраќај.

    Фондацијата е формирана во чест на младата Фросина, која трагично го загуби животот на пешачки премин поради неодговорно однесување во сообраќајот.

    Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, истакна дека овој чекор претставува јасна насока за создавање на поефикасен превентивен систем во кој човечкиот живот е приоритет.

    „Потпишавме Меморандум за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Фондацијата „Фросина Кулакова“, создадена во чест на Фросина – млад живот трагично згаснат на пешачки премин, на зелено светло, поради несовесно и неодговорно однесување во сообраќајот. Ова претставува заедничка определба трагедиите да не се повторуваат, човечкиот живот да биде највисок приоритет, а институциите, заедно со граѓанскиот сектор, да создадат посилен и поефикасен систем на превенција, заштита и поддршка.“

    Со овој документ се планираат интензивни превентивни кампањи, поддршка за жртвите од сообраќајни незгоди и унапредување на институционалната доверба.

    „Со меморандумот предвидуваме заеднички активности и кампањи за подигнување на свеста за безбедноста во сообраќајот, јакнење на превентивните механизми, поддршка на жртвите и нивните семејства, како и унапредување на довербата во институционалното постапување.“

    Тошковски најави дека полицијата продолжува со техничко засилување на контролата преку актуелните превентивни и софтверски системи во главниот град.

    „Безбедноста во сообраќајот не е прашање само на казни и санкции, туку на свест, култура, одговорност и систем кој навреме препознава ризици и спречува трагедии. Токму затоа продолжуваме со имплементација и надградба на системот Safe City, но и со нови превентивни политики чија цел е да спасуваат човечки животи.“

    Министерот се осврна и на последната тешка сообраќајна несреќа која се случи синоќа на скопската обиколница, упатувајќи апел за одговорност зад воланот.

    „За жал, синоќешната тешка сообраќајна несреќа на скопската обиколница уште еднаш нè потсети колку е важно внимателното и одговорното однесување зад воланот. Една секунда невнимание е доволна за последиците да бидат трајни и ненадоместливи.“

    Прочитај повеќе

    Акција на МВР низ државата: Приведени петмина возачи за безобѕирно возење, малолетници фатени зад волан без дозвола

    22.05.2026 во 14:33

    Црн ден во домовите: Приведени насилници во Тетово и Велес, нападнати жени во Скопје и Прилеп

    22.05.2026 во 14:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.