Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тошковски на конференцијата „Безбедност 2030“ во Охрид: Безбедносните предизвици не се решаваат со стари методи
    •  Во недела е тежок празник и строг пост
    • Страшна несреќа во соседството: Автобус се судри со автомобил на автошкола, меѓу повредените и деца
    • Земјотрес ја погоди Црна Гора
    • Лоши вести за возачите: Нафтата драстично скокна
    • Тренчевска: Владата планира пет нови рудници во Нацрт-просторниот план, под знак прашалник влијанието врз животната средина
    • Од март следната година директен лет на „Flydubai“ на релација Дубаи – Скопје
    • Ѓорѓиева: Владата посветено работи на нови можности за развој на економијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Градоначалник заработи кривична – ја злоупотребил службената положба

    Градоначалник заработи кривична – ја злоупотребил службената положба

    21.05.2026 во 14:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против лицето И. Ш. во својство на градоначалник на општина Врапчиште поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето од чл. 353 ст. 3 в.в со ст. 1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

    Како што стои во соопштението, пријавениот И. Ш. во текот на 2025 година ги пречекорил границите на своето службено овластување и постапил спротивно на член 157 став 1 од Законот за јавните набавки („Службен весник на Р. Македонија“ бр.24/2019 од 1.2.2019 година), на начин што склучил договор за набавка на работи – реконструкција на локален пат во Добридол од центарот на селото до вкрстувањето со сервисниот пат покрај државниот пат А2, делница Тетово – Гостивар, бр. 0507-219/17 од 3.4.2025 година со избраниот економски оператор, без да ја дочека конечната одлука по поднесена жалба од Државната комисија за жалби по јавните набавки во согласност со што одлуката за избор била поништена.

    -И покрај ваквата одлука од страна на Државната комисија за жалби по јавните набавки, пријавениот извршил плаќање по однос на склучениот договор на правното лице во вкупен износ од 11.848.675 денари и со овие дејства му овозможил на правното лице да стекне противправна имотна корист за наведениот износ – наведуваат од Управата за финансиска полиција.

    Прочитај повеќе

    Повеќе скопски општини утре ќе останат без струја – проверете дали сте на списокот

    24.09.2026 во 16:39

    Кражба во Скопје: Германец ограбен на кејот на Вардар, му одзеле ранец со лаптоп и телефон

    24.09.2026 во 16:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.